7 работи кои ги правите секој ден без посебна причина
Иако не постои посебна причина за тоа, овие 7 работи сите ги повторуваме од ден во ден, а сигурно и вие ќе се пронајдете во повеќето.
1. Подобро да го притиснам копчето за лифт 15 пати по ред хистерично, со надеж дека така побрзо ќе стигне.
2. Ако го отворам фрижидерот на секои 5 минути кога не знам што да јадам, можеби одеднаш ќе се појави нова храна во него.
3. Најпаметно е да стиснам C на калкулаторот барем 10 пати за да бидам сигурен/на дека сè се избришало.
4. Ако продолжам да зјапам во семафорот и да повторувам „ајде, ајде, ајде“ можеби зеленото ќе се запали побрзо.
5. Најдобро е да го стиснам копчето за заклучување барем 50 пати за да се уверам дека автомобилот е сигурен и заклучен.
6. Подобро да стиснам 50 пати „Save“ отколку да се мислам дали документот ми се зачувал од прва.
7. Подобро да го продрмам менувачот лево-десно неколку стотици пати, пред да бидам сигурен дека не е во брзина.