7 знаци кои го вклучуваат алармот за бегство од лажните пријатели
Како растеме, така сфаќаме дека не може секој да ни биде пријател, бидејќи не се сите такви луѓе какви што се претставуваат.
Почетно ќе поверувате дека сте речиси исти и дека се разбирате, сакате исти работи и станувате неразделни.
Но, несовршеностите се појавуваат многу подоцна, кога се открива вистинското лице и кога реакциите се природни, а не одглумени.
Тогаш може да препознаете некои од 7-те знаци кои го вклучуваат алармот за бегање од таквиот „пријател“.
1. Никогаш не се држи до договорот
Доцнењето е составен дел од животот. Понекогаш нема врска со поединецот туку е условено од надворешни фактори како метеж во сообраќајот, промена на распоредот, непредвидени попатни ситуации.
Но, ако во својот живот имате личност која постојано доцни, никогаш не се држи до договорот и мисли дека непотребно се нервирате околу тие нејзини „симпатични“ карактеристики, пред себе имате кавази пријатели кои не го почитуваат ниту вашето време, ниту вам како личност.
2. Зборува само за себе
Сите имаме потреба за доверување на својот најдобар пријател, поделбата на добри и лоши работи во животот и повременото држење монолог кога нè измачува некој проблем.
Алармот за паника би требало да се вклучи ако во ваша близина постојано имате пријател кој разговорот и вниманието го насочува кон себе и на своите места и не се грижат за вашето мислење. Има ли реченица што не ја започнува со „Јас“?
3. Им се додворува на оние кои вам ви се допаѓаат
Може да се случи да ви се допаѓа иста личност, па свесно или несвесно истовремено да флертувате со неа. Но, ако веќе остварите контакт и разговарате, при што едниот/та од вас решава да отстапи, доколку продолжи додворувањето, тогаш е вистинско време за замена или оддалечување од таквата личност.
4. Ве избегнува кога е во врска
Пријателот кој ве бара само кога е сам и кога нема планови за викенд, всушност не ви е пријател. Во ред е малку поретко да се гледате кога има нова личност во неговиот/нејзиниот живот, но тоа не значи дека треба да ви се јави дури откако ќе раскине.
5. Не се радува на вашите успеси
Кога ќе ја соопштите веста за веридбата, новата работа, унапредување, ново момче, очекувате дека пријателите ќе се радуваат еднакво со вас. Ако наместо тоа добиете блага реакција или префрлување на друга тема без коментар, тогаш мора да знаете дека сте во друштво на личност која е љубоморна и не ви посакува нешто добро.
6. Мисли негативно
Секоја личност заслужува да живее среќен живот, но ако се дружите со личност која постојано мисли на негативни работи, црни последици и вие ќе станете опседнати со тоа и исполнети со негативност.
На таквите личности обично ништо не им се допаѓа, сите и пречат, во сè гледаат нешто негативно и досадно. Колку и да сте позитивно расположени, ако постојано сте во друштво на ваква личност и вие ќе станете такви.
7. Лошо влијае на вас
Уживање во повремена забава или некои пороци се дел од младоста и дружењето. Но, ако постојано си со личности кои се заинтересирани само за добар помин и ви пречат во исполнувањето на секојдневните обврски наведувајќи ве и убедувајќи ве дека не сте доволно „кул“ ако не им се придружите, тоа е јасен знак дека сте покрај лош и лажен пријател.