7 Дневни навики кои ви ја крадат енергијата секој ден
Доколку енергијата ве напушта во текот на денот, секој ден, време е да се запрашате зошто тоа ви се случува и како може да си ја повратите истата менувајќи нешто во вашето секојдневие.
Причината поради губење на енергијата можат да бидат дневните навики кои лошо влијаат врз вас и ве исцрпуваат, а вие не сте свесни за тоа.
Доколку се препознаете во овие 7 дневни навики, време е да се одвикнете од нив уште денес и да започнете да си ја враќате енергијата назад.
Јадете на вашата работна маса
Доколку појадокот, ручекот или вечерата ги консумирате на вашата работна маса, несвесно сте изложени на стрес додека јадете бидејќи пред вас стојат документите или компјутерот кои постојано ве потсетуваат дека треба да работите.
Наместо тоа излегувајте на пауза и изедете го вашето јадење надвор од канцеларија, на свеж воздух.
Јадете премногу или премалку
Доколку во текот на денот постојано сте во движење и немате енергија тоа значи дека или јадете премногу брза храна и грицки или пак премалку храна која не е доволна за функционирање на организмот.
Јадете поздраво и умерено, само така ќе ја повратите енергијата, со правилно функционирање на метаболизмот.
Го започнувате денот само со кафе и цигара
Најлошата комбинација која може да ја направите наутро е баш оваа. Желудникот наутро лачи киселини со кои очекува да го распадне појадокот.
Вие наместо храна му внесувате само никотин и кофеин, а тој лачи се уште киселини напразо и ви предизвикува мачнина од која енергијата во бега постојано се додека не појадувате.
Користите автомобил или градски превоз за да стигнете било каде
Без разлика дали местото до кое се упатувате ви се наоѓа на 15 минути или половина час од вашиот дом, вие секогаш одбирате да стигнете до него со својот автомобил или градски превоз.
Започнете наместо тоа да пешачите до локации кои ви изгледаат разумни за пешачење, бидејќи движењето го разработува организмот и ја враќа енергијата во телото веднаш.
Постојано седите во место
Доколку работното место ви налага да седите постојано и да работите, секако дека не може да го промените тоа и истото може да ви ја краде енергијата бидејќи воопшто не се движите.
Правете повеќе паузи во текот на денот, макар и на 5 минути и раздвижувајте се колку што можете повеќе.
Имате негативни мисли
Негативните мисли се крадци на позитивната енергија и воопшто целата енергија во телото. Затоа кога ќе ви ја нападнат перцепцијата, заменете ги со позитивни и забавни мисли, енергијата нема да се оддели од вас.
Го гледате денот како обврска
Никогаш не гледајте го денот како обврска која мора да ја завршите,бидејќи уште пред да го започнете ја губите волноста и енергијата за живеење.
Наместо тоа гледајте го како предизвик кој сте способни да го исполните како што сте замислиле.