8 прашања на кои никогаш не сте го откриле одговорот: Зошто најдобрите идеи ни доаѓаат под туш?
Отсекогаш ве интересирало зошто крвта ни е црвена, а вените сини или пак зошто прстите ни се збрчкуваат под вода? Еве неколку одговори на прашањата кои отсекогаш ве интересирале, но не сте ја имале можноста да прашате некој.
1. Зошто вените ни се сини кога крвта ни е црвена?
Одговорот на ова прашање лежи во физиката на светлината. Причината поради која и покрај тоа што нашата крв е секогаш црвена, да вените бидат плаво обоени е во различните должини на светлосните бранови и пропорцијата на кожата. Сината светлина се апсорбира во крвта и се рефлектира назад, па оттука вените ни се чинат како да се сини.
2. Зошто повеќето пејачи го губат акцентот кога пеат?
Фонетиката и ритамот често знаат да влијаат на тоа да пејачите го изгубат карактеристичниот акцент кога пеат. Ова произлегува од фактот што задолжително мора додека пеат да нагласат некои слогови и да ја зголемат должината на зборовите. Резултатот на овој феномен е многу пејачи кои се чини дека се од една иста област.
3. Зошто ни се јаде масна храна кога сме мамурни?
За време на пиењето алкохолни пијалаци нашето тело произведува органска хемикалија наречена галанин. Карактеристика на оваа хемикалија е зголемување на апетитот за масти и токму затоа ќе посакате, дури и во раните утрински часови, хамбургер или сланина и јајца наутро.
4. Зошто ни се приспива од мисиркиното месо?
Причината нема да ја најдете во некаков хормонален дисбаланс, туку во количината на храна која е внесена во организмот. Во спротивно, би спиеле секогаш кога ќе изедете дури и мал сендвич со мисирка.
5. Зошто имаме супер идеи кога се тушираме?
Добрите идеи навираат како резултат на тоа што воопшто не сме фокусирани на нешто и креативноста се ослободува. Повеќето луѓе воопшто не се концентрираат и не размислуваат за својата рутина на туширање, па мозокот може слободно да лута.
6. Зошто воопшто имаме веѓи?
Веѓите всушност имаат неколку функции, но во главно тие се најкорисни во изразувањето на емоциите кон другите и во тоа што служат за заштита од потта која може да навлезе во очите.
7. Зошто прстите ни се збрчкуваат од вода?
Научниците веруваат дека збрчкувањето на прстите настанува со цел да ја одржиме контролата под вода. На тој начин нашите прсти добиваат природни ланци како кај колите кои ќе одржуваат рамнотежа и контрола тогаш кога работите стануваат лизгави.
8. Дали доматот е зеленчук или овошје?
Технички доматот е овошје. Пред се затоа што го содржи сопственото семе внатре. За да нема конфузија, во Америка, доматот е квалификуван како билка.