Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали луѓето емоционално ве искористуваат?

Секој човек има потреба од емоционално задоволување на неговите чувства, но не секој ја задоволува таа потреба на правилниот начин.

dali-lugjeto-emocionalno-ve-iskoristuvaat-1

Некои луѓе искористуваат за да ја задоволат, а други ја бараат правилно, со покажување дека имаат потреба која чекаат да биде задоволена.

Дали луѓето ве искористуваат или правилно бараат емоции од вас дознајте преку следните 3 карактеристики на тие што искористуваат:

Луѓето кои ве искористуваат емоционално само бараат љубов од вас

Тие само бараат, но не даваат љубов за возврат, бидејќи важно им е само да ја добијат, а дали спротивната страна која им ја дава таа љубов ја добива назад, не им е толку важно.

Исто така луѓето кои го прават ова не знаат дека љубовта не е барање на истата, туку давање без да се бара ништо за возврат.


Луѓето кои ве искористуваат емоционално не се грижат за вашите емоции

Луѓето кои ве искористуваат емоционално ги искористуваат всушност вашите емоции за да ги нахранат нивните. Тоа значи дека ги намалуваат вашите за да ги зголемат нивните, што покажува дека тие не се грижат воопшто за тоа како вие се чувствувате.

Нив им е грижа само за тоа како тие се чувствуваат и сакаат постојано да чувствуваат наклонетост и љубов, но не и да бидат наклонети и да даваат љубов.


Луѓето кои ве искористуваат емоционално не ви оставаат избор

Тие едноставно не ви оставаат избор дали сакате или не да ве искористат, едноставно ве искористуваат без прашање. Сето тоа го прават бидејќи не знаат дека секој ден прават избор дали ќе се сакаат самите себеси или не, повеќе отколку што ќе ги сака некој друг.

Доколку би се сакале самите себеси не би искористувале емоционално никој, туку би го задоволувале емоционално секој искажувајќи почит, добрина, наклонетост и љубов.

Доколку наидете или веќе имате личност која ве искористува емоционално на ваков начин, оддалечете се од неа и оставете ја да биде гладна за љубов.

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg