Не дозволувајте успехот да ви удри во главата, а неуспехот во срцето!

Доколку сте од оние личности кои ги следат своите соништа, ги почитуваат сопствените правила и го слушаат само своето мислење, тогаш сигурно сте се судриле со успехот и неуспехот во животот.

ne-dozvoluvajte-uspehot-da-vi-udri-vo-glavata-a-neuspehot-vo-srceto-1

Тие две едно без друго не одат, бидејќи за да бидеш подобар од вчера, треба да учиш на своите грешки кои ќе те направат најдобар.

Затоа не плаши се да грешиш, оној што греши никогаш нема да дознае какво е чувството кога е навистина во право, бидејќи постојано си мисли дека е во право, дури и кога не е.

Доколку грешиш, ќе успееш, но доколку мислиш дека си безгрешен човек, тогаш веќе си неуспешен.

Луѓето кои го знаат ова и го почитуваат, знаат за каков неуспех станува збор, таквите не се натпреваруваат со останатите, тие се натпреваруваат со себеси.

Кога ќе се победат наидуваат на успех, но кога ќе се изгубат, грешат и се судираат со неуспехот кој им дава дополнителна мотивација за да се потрудат да успеат повеќе наредниот пат.

Сето тоа е во ред доколку тој успех не им удри во глава и ги турне на земја, или пак умраат од неуспехот кој доволиле да им удри во срцето.

За да не ви се случи ниту едното ниту другото секогаш треба да верувате во себеси, дури и кога се чувствувате како да сте се изневериле во било каков поглед, тоа е единствениот клуч до здрав успех.

Доколку успехот ве удри во глава, тогаш сигурно ќе се изгубите себеси и сите останати околу вас, но доколку научите правилно да се контролирате, воедно гордеејќи се со себе кришум, ете тогаш ќе може да речете дека сте навистина успешни.

Но, покрај тоа тука е и неуспехот кој исто така треба да научите да го контролирате, тој не смее да ве удри во срцето и да ви ја ослабне самодовербата во себе.

Кога ве удира дајте му насока да ве погоди во мотивацијата и желбата за поголем успех од тој што сте го планирале.

Кога ќе научите како успехот да ви удри во срцето, а не во главата и неуспехот во главата, а не во срцето, тогаш може да се прогласите себеси за најуспешен човек на светот, а верувајте малку се таквите.

Бидете дел од малцинството, а не мнозинството!

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg