Цртан од 3 минути кој ќе ве загрижи: Кренете го погледот од мобилните и погледнете што се случува
Технологијата секојдневно нè заробува, но не сакаме да се откажеме. Ја пропуштаме реалноста околу нас, чекајќи истата да ја видиме на фотографија на Интернет.
Ги затнуваме ушите за вистинските повици, гласови, ноти, за да го вклучиме интернетот и да ја слушнеме снимката на истите.
Ги забораваме пријателите да ги прегрнеме и да ги поздравиме, за да им оставиме коментар под некоја фотографија на Фејсбук.
Најстрашно е што често се забораваме и себе, интереисирајќи се за туѓите животи низ екраните.
На крајот правиме толку многу грешки, поради кои се губиме себе, ги губиме другите, го губиме животот, само поради затворањето во малите апарати.
Овој краток цртан филм ќе ве покаже во вистинско светло и сигурно нема да ве остави рамнодушни.
Кренете го погледот од екраните и погледнете што се случува: