Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Жена со висока самодоверба или препотентна жена, каква сте вие?

Голема е разликата помеѓу карактер со висока самодоверба и надуен карактер со препотентност кој создава одбивност кај другите луѓе.

zena-so-visoka-samodoverba-ili-prepotentna-zena-kakva-ste-vie-001.jpg

Дали сте жена со висока самодоверба, или препотентна жена, откријте препознавајќи ги овие 6 разлики кај себе.

Жена со висока самодоверба знае колку вреди, препотентна жена ви кажува колку вреди

Доколку имате висока самодоверба сигурно знаете дека вредите, доколку пак ако сте препотентни секогаш ќе ја вадите вашата вредност на тацна, свесни дека истата не постои па сакате сами да поверувате дека ја поседувате.


Жена со висока самодоверба знае да прифати комплимент, препотентна жена ви бара уште еден

Не само комплимент, жена со висока самодоверба знае да прифати и критика бидејќи знае дека не е секогаш во право.

Додека пак препотентната жена ќе ви побара уште еден комплимент и ќе ви се налути за упатената критика, сфаќајќи ја како љубоморен гест.


Жена со висока самодоверба знае да разговара, препотентна жена знае само да се величи себеси

Жените со висока самодоверба знаат да разговараат со останатите луѓе на различни теми во кои никогаш нема да се вметнат себеси и да се величат во туѓи очи. Препотентните жени го прават сосема спротивното.


Жена со висока самодоверба ќе ви даде искрена критика, препотентна жена ќе ви даде само лажен комплимент

Жените со висока самодоверба се секогаш искрени кога се работи за комплимент или критика, како што знаат да ја прифатат, на ист начин ја упатуваат кон оние што им се драги.

Препотентните жени не само што ќе ви кажат дека сè е во ред кога не е во ред само за да уживаат во вашите недостатоци, тие нема да ви упатат ниту искрена критика бидејќи не го знаат самото значење на поимот.


Жена со висока самодоверба знае дека не е најубава, препотентната жена си мисли дека нема поубава од неа

Жена со висока самодоверба знае дека секоја жена е убава на свој начин и никогаш не се нарекува себеси најубава бидејќи знае дека од убавото секогаш постои поубаво. Додека пак препотентната жена си мисли дека нема поубава од неа, свесна за својата ниска самодоверба.


Жена со висока самодоверба верува во себеси, препотентна жена верува во другите

Жените со висока самодоверба знаат што сакаат и како да го добијат истото со свој труд.

Додека пак препотентните жени знаат што сакаат, потајно не веруваат дека можат истото да го добијат и се надеваат дека другите ќе им го достават истото на тацна.

Поради тоа жените со висока самодоверба секогаш веруваат во себеси, а препотентните веруваат во другите.

Во кој тип се пронајдовте вие?

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg