7 Работи за породувањето кои никој нема да ви ги каже
Бремените жени често ги одбројуваат деновите до породување, за полесно да ја издржат неизвесноста, посебно оние кои за прв пат се породуваат.
Но, не секогаш бебето во стомакот го почитува одредениот рок, па породувањето може да биде вистинско изненадување.
Што треба да знаете за самото породување, а веројатно никој нема да се осмели да ви ги каже во тие моменти?
1. Епидуралната анестезија не гарантира безболно породување
Епидуралната анестезија која се инјектира во грбот и ги спречува импулсите за болка од матката до мозокот, не секогаш гарантира дека нема да чувствувате воопшто болка.
Затоа доколку ви стават епидурална анестезија, а вие се уште чувствувате големи болки при породувањето, бидете свесни дека не секогаш анестезијата ги спречува сите импулси.
2. Пред епидуралната анестезија мора добро да се најадете и напиете
Доколку планирате да се породувате со епидурална анестезија, добро би било пред да отидете на породување да изедете убав оброк бидејќи породувањето со неа на празен стомак ќе биде повеќе болно.
Во некои болници дозволуваат при породувањето да грицнете нешто, но запомнете дека тоа нема да ве засити доволно и да ви даде сила за да го издржите породувањето.
3. При породувањето може да дојде до дефекација
Поради големиот напор и напнувањето при породувањето може да дојде до дефекација односно неконтролирано исфрлање на измет.
Доколку ви се случи тоа не срамете се бидејќи може да се случи секому при породување.
4. Бебето може да изгледа влакнесто и како да се лупи
Но, всушност не е неговата кожа таа што се лушпи, туку супстанцата која ја штитела неговата кожа во матката, наречена верникс казеоза.
Затоа не плашете се доколку на прв поглед бебето изгледа како да се лупи, тоа е природно.
Во поглед на влакната, некои бебиња не само што имаат влакна на главата туку и на ушите, рацете, како и грбот кои самите паѓаат за краток период.
5. После породувањето ќе добиете масажа на стомакот
Звучи релаксирачки, но всушност е болно бидејќи после породувањето стомакот ќе ви биде почувствителен од претходно, а вашиот доктор за да се осигура дека крварењето е намалено и се е во ред со вашата матка, мора да ве измасира.
Ова ќе биде најверојатно најболната масажа која ќе ја добиете во животот.
6. Ќе си отидете дома со крвави гаќички
Крварењето престанува целосно 6 недели после породувањето. Затоа добро е да знаете дека доколку не понесете влошки или пелени за возрасни со себе, најверојатно ќе си отидете дома со крвави гаќички.
7. Неверојатно искуство или мизерно чувство
Исто како што две мајки не се исти, две бебиња не се исти, така и две породувања не се исти во целост.
За некои мајки породувањето може да биде неверојатно искуство, додека за други мизерно чувство, затоа не изненадувајте се и бидете подготвени на се доколку се породувате за прв пат.