Приказна за создавањето на најголемиот љубовен храм Таџ Махал
Доколку не сте знаеле како е создадн најголемиот љубовен храм во светот, Таџ Махал, време е да дознаете. Покрај тоа, ви препорачуваме и наскоро да го посетите, бидејќи спаѓа во најубавите места во светот кои се пред исчезнување.
Ова е приказната за тоа како настанал Таџ Махал која сигурно ќе ви го освои срцето.
Некој човек од Шираз дошол во Индија. Бил голем уметник, познат по своите дела. Шахот Џахан, кој владеел во тоа време, слушнал за вајарот и го повикал во палатата.
Вајарот бил мистик, суфи-мистик. Шахот Џахан го прашал: „Слушнав дека можеш да извајаш цела фигура на некој човек или жена, само ако допреш нечија рака, иако никогаш не си го видел лицето на таа личност. Дали е тоа вистина?”
Вајарот одговорил: „Дајте ми шанса, но под еден услов. Скријте 25 убавици од Вашата палата зад завесата. Ќе ги допрам нивните раце и ќе одберам чија статуа ќе ја извајам. Ако статуата биде сосема иста со моделот, ако бидете задоволни, Вие ќе ми дозволите да се оженам со неа.”
Шахот Џахан одговорил: „Праведен договор”.
Дваесет и пет убави робинки стоеле зад завесата. Ги допрел сите раце и сите ги одбил.
Ќерката на Шахот Џахан стоела и се забавувала додека го набљудувала сето тоа. Кога ја пуштил раката на последната робинка, таа ја испружила својата.
Ја фатил за рака. Почувствувал нешто, замижал и кажал: „Ова е мојата рака!” И ѝ го ставил прстенот. Ако успеам, ќе се оженам со оваа жена, си помислил.
Кога погледнал зад завесата, Шахот Џахан се престрашил: „Што си направил!”
Но, не се грижел сметајќи дека не може да се направи статуа на жена само со допирање на нејзината рака.
Вајарот се повлекол во своите одаи три месеци. Работел деноноќно. Кога завршил, ги повикал Шахот и неговите дворјани да ја погледнат статуата.
Не можеле да им поверуваат на своите очи!
Статуата била иста како ќерката на Шахот. Шахот не можел да најде ниедна забелешка, иако силно го посакувал тоа.
Не сакал неговата ќерка да се омажи за овој сиромашен човек. Дал збор. Не можел да го прекрши договорот.
Многу се вознемирил, а неговата жена од силниот стрес, умрела.
Шахот го повикал вајарот и му рекол: „Тоа беше голема грешка, девојката згрешила, а жена ми умре бидејќи не можеше да се помири ќерка ѝ да се омажи со сиромашен човек. Не можам ни јас, иако ви ветив”.
Вајарот одговорил: „Не грижете се. Требаше да ми кажете, ќе се вратам во Шираз и ништо не ви барам”.
Советникот на Шахот предложил: „Ви умре жената, а овој човек е исклучителен уметник. Кажете му да направи модел за споменикот на вашата жена.
Треба да изградите прекрасна гробница, најубава на светот. Понудете му уште еден договор. Ако ви се допадне макетата, ќе му ја дадете вашата ќерка, ако не, готово е!”
Шахот се согласил, но во себе помислил: „Овој пат ништо нема да одобрам”.
Вајарот направил многу макети и сите биле исклучителни, но Шахот не бендисал ниту една.
Додека вајарот се трудел околу макетите, советникот од Шахот почнал да шири гласини дека девојката се разболела и умрела.
Кога слушнал уметникот веќе ја правел последната макета, срцето му било скршено. Ја донел кај Шахот и овој ја одобрил.
Трикот бил во тоа што девојката била наводно мртва и прашањето за брак веќе не доаѓало во предвид.
Таа макета станала Таџ Махал, што значи дека храмот и понатаму ја носи енергијата на љубовта”.