Зголемете ја самодовербата за помалку од еден час
Самодовербата претставува многу важен сегмент во животот на секој човек. Без самодоверба ретко која цел може да ја постигнете.
Колку и да звучи апстрактно, таа е видлива во вашето однесување и зборување. Не може да ја одглумите, ако вистински ја немате.
Секој би сакал да зрачи со самодоверба за да биде похрабар во преземањето на некој чекор, стапувањето во контакт со другите и остварувањето на посакуваната цел.
Наместо да читате цели книги, да одите на курсеви и советувања, на неколку начини може истото да го постигнете за помалку од еден час.
1. Седнете исправено
Доволна ви е една секунда за кога ќе забележите дека сте подгрбавени, да седнете исправено. Докажано е дека оние кои седат исправено, делуваат многу посигурно и повпечатливо.
2. Задолжително ставете парфем
Доволни ви се две секунди за да прснете некој убав парфем на вратот и на зглобот на дланката. Кога ќе го почувствувате веднаш ќе ви надојдат пријатни чувства и ќе имате чувство дека сите наоколу го чувствуваат.
3. Кимајте со главата
Кога кимате со главата додека слушате некого, се покажало дека го уверувате соговорникот дека верувате во она што го слушате и размислувате во истиот момент. За тоа ви се доволни пет секунди.
4. Флертувајте
Психолозите откриваат дека насмевката, погледот, благиот физички контакт ја зголемуваат самодовербата и прават да се чувствувате подобро. За тоа ви се доволни 10 секунди. Направете го на кое било место, не само кога ви се допаѓа некој/а.
5. Заземете став
Ако барем 2 минути стоите во некоја „моќна“ поза, на пример исправено и со рацете на колковите ќе се почувствувате барем за 40 % помоќно и посамоуверено, отколку ако седите со прекрстени раце.
6. Фокусирајте се на дишењето
Ако немате искуство со медитација или јога, одвојте 10 минути за да направите неколку вежби за дишење, по кои ќе се почувствувате смирено, ослободено и сигурно.
7. Напијте се кафе
Уште една причина за да го сакате кафето: 100 mg кофеин докажано ја зголемува будноста, енергијата и самодовербата. Доволни ви се 15 минути.
8. Вежбајте
Истражувањата покажале дека физичката активност го подобрува расположението и нивото на самодоверба. Но, со дваесетминутен тренинг може да ја зголемите состојбата на свесност за неверојатни 20 часа.