Ова е единствениот филм чиј што крај никогаш нема да го дознаете!

Премиерата се одржува секој ден, 24 часа во денот, седум дена во неделата, четири недели во месецот и 365 дена во годината.

ova-e-edinstveniot-film-cij-sto-kraj-nema-nikogas-da-go-doznaete-2

Почетокот е секогаш тежок за совладување, некој го совладува побрзо, некој побавно, зависно од интелегенцијата, перцепцијата и желбата да научи нешто ново од него.

Кога еднаш ќе го разберете почетокот за колуминацијата секогаш е лесно, таа влегува во глава на начин на којшто како деца ви влегувало во глава дека треба да имате петка по секој предмет.

Иако за жал не сте знаеле дека оценката не е толку важна, важно е сопствената перцепција за знаењето кое го поседувате или мислите дека го поседувате.

Кога еднаш ќе стигнете до колуминацијата можеби ќе го вратите филмот неколку пати за да ја разберете бидејќи често е неразбирлива колку и да ви е отворен мозокот или колку и да сте интелегентни.

Тоа е така бидејќи филмот има свои финеси кои треба да ги препознаете и совладате, детали кои треба да ги забележите и грешки кои треба да ги поправите во својата глава.

Можеби ќе ве расплаче, често ќе знае да ве насмевне, исто така да ве демотивира или охрабри, но никогаш нема да ве натера да се откажете од него, бидејќи едноставно ќе ве интересира неговиот крај, а крај нема...

Овој филм е вашиот живот!

Добрата работа е тоа што вие сте главната улога, а останатите личности во него се споредни кои не може да ви кажуваат како да глумите или да не глумите.

Научете да кажувате „СЕЧИ" во вистинскиот момент и да им покажете на сите дека покрај главна улога сте и режисер кој кажува како ќе се одвива снимањето.

ova-e-edinstveniot-film-cij-sto-kraj-nema-nikogas-da-go-doznaete-1

Само треба да одлучите дали ќе бидете лошиот или добриот лик во приказната, вашата приказна која раскажана во споредба со друга секогаш ќе биде уникатна и неповторлива.

Но, повторно без крај, крајот треба сами да го креирате, сами да го осмислите, гледајте да биде добар!

А за да го постигнете истото одморете ги очите, затворете ја устата , отворете ги ушите и разбудете ја креативноста во вас.

Направете го крајот ремек дело кое ќе биде вредено за споменување и запомнете дека не треба да се откажувате пред да станете горди на својот крај.

Бидејќи крајот го краси делото, а делото не е што било туку вашиот сопствен живот!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg