Искрена исповед на една девојка: Живеев за забави, викенди, пијанки и секс, сè до една вечер која ме промени

Денешните млади генерации, се многу поопуштени и послободни од порано. Од лесната достапност на сите работи и луѓе често знае да настане вистински хаос во кој тешко се поставува некој ред.

ziveev-za-zabavi-vikendi-pijanki-i-seks-se-do-edna-vecer-koja-me-promeni-01

Слободата е бесконечна, но треба да знаете како да ја користите без да ја злоупотребувате. Претераната физичка слобода, знае понекогаш да ни направи и затвор во душата.

Убаво е кога сте безгрижни, но не и кога свесно ги одбегнувате грижите и проблемите. Колку и да бегате од себеси, нема никогаш да успеете да избегате. Каде и да одите единственото нешто кое секогаш си го носите сте самите вие.

Додека не научите да се прифатите онакви какви што сте, никогаш нема да бидете вистински среќни, колку и да се залажувате себеси со некоја површна среќа, одглумени моменти и лажни маски.

Оваа девојка го сфатила тоа на потешкиот начин:

„Мислев забавата е најважна, мислев дека е најдобро кога може бесконечно да пиеме, да танцуваме, да се бакнуваме и да имаме секс сè до следниот ден, кога сè почнува одново.

Нов ден, нов почеток, нови луѓе, стара приказна. Мислев дека се забавувам, мислев дека уживам. Не знаев ни каде сум, ни со кого сум.

Живеев за да дојдат викендите, да „заглавам“ во клубовите, да пијам додека не се онесвестам и да се препуштам на телесното задоволство и да уживам во дивиот секс.

Немаше ништо поубаво во тие моменти. Немаше грижи, немаше проблеми, ниту обвинувачки погледи. Но, се немав ниту себе.

Којзнае која беше таа навечер, што секое утро ми стануваше сè погрда. Само додека се стемни. И тогаш повторно, одново се заборавав себеси и се препуштав на лудата забавна девојка да ме води.

ziveev-za-zabavi-vikendi-pijanki-i-seks-se-do-edna-vecer-koja-me-promeni-1.jpg

Но, ништо не е бесконечно. Еден ден, доаѓа крајот, кога си влепуваш шлаканица и се гледаш себеси од страна во телото на некоја друга.

Ја гледаш сликата во која се препознаваш. Тогаш вистински посакуваш да избегаш од себе.

Во една вечер, гледајќи еден непознат пар кој се валкаше по тротоарот и пијаната насмеана девојка, ми се причини како да се видов себеси од страна.

Само за среќа, тоа е лажната слика која ја создавав долго и длабоко во себе знаев дека можам подобро. Знаев дека тоа не сум вистинската јас.

Можеби нема да можам лесно да го заборавам смрдливиот здив, непознатите раце и мрачните слики, но важно е да направам чекор напред, да излезам од таа слика и да почнам од почеток.

Денес сè уште ги немам пронајдено мирот и сигурноста, но барем знам дека сум вистинската Јас и дека сум на добар пат да успеам“.

ziveev-za-zabavi-vikendi-pijanki-i-seks-se-do-edna-vecer-koja-me-promeni-3.jpg

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg