Не ги фрлајте старите хулахопки. Постојат најмалку 4 паметни начини како да ги искористите
Старите, тенки хулахопки кои ви се искинаа не мора да завршат во канта за ѓубре. Постојат најмалку 4 паметни начини на кои можете да ги искористите.
1. Пред да ставите земја во саксиите, прво ставете парче од хулахопките. Така ќе го спречите паѓањето на земјата од саксијата.
2. Ставете парче од хулахопките на правосмукалката за лесно да ги најдете ситните предмети кои сте ги изгубиле низ домот. На пример, обетките кои ви паднале во спалната соба сега може да ги пронајдете за 1 минута.
3. Кога немате памук за да ги отстраните лакот или шминката, најдобра замена се старите, искинати хулахопки.
4. Ако мразите кога сапунот ви се лизга и постојано да ви паѓа кога се бањате, врзете го во парче хулахопки. Така ќе направите домашна луфа за чистење и благ пилинг на телото.