Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Приказна која го расплака светот: Секој ден на оваа клупа еден дедо носи букет цвеќе

Бад ја изгубил својата сопруга Елизабет пред неколку години. Биле во брак повеќе од половина век, а тој си дал ветување кое додека е жив ќе го исполнува.

prikazna-koja-go-rasplaka-svetot-sekoj-den-na-ovaa-klupa-eden-dedo-nosi-buket-cveke-01.jpg

Кога Елизабет починала, Бад направил меморијална клупа на која секој ден доаѓал со букет бели ради.

На секое заминување и збогување од тоа место велел „се гледаме утре, среќо. Те сакам. Секогаш те сакав и секогаш ќе те сакам“.

Ништо не можело да го спречи да се пробие до таа клупа, колку и да бил стар, изморен, без оглед на временските неприлики.

Кога паднал снег, повторно доаѓал, се пробивал до каде што можел и емотивно ја гледал клупата држејќи бели ради во рацете.

Двајцата чистачи кои го забележале дедото, откако ја разбрале неговата приказна, ги земале лопатите во рака. Утредента дедото го пречекала специјално исчистена патека до неговата клупа.

Секој ден кога врнело снег, двајцата чувари навечер ја чистеле патеката, за дедото да не знае кој му ја прави оваа добрина. Едноставно, сакале да биде среќен.

„Еден ден тргнав накај клупата и видов исчистена патека. Колената почнаа да ми се тресат. Не можев да поверувам дека некој го направил тоа за мене,“ раскажува дедото.

prikazna-koja-go-rasplaka-svetot-sekoj-den-na-ovaa-klupa-eden-dedo-nosi-buket-cveke-02.jpg

Другата страна на приказната звучи вака:

„И двајцата бевме погодени од неговата посветеност. Замислете, доаѓаше иако не можеше да и се приближи на клупата. Има нешто свето во човекот кој верува во судбина. А јас мислам дека тука спаѓа и помошта која ја нудиме еден на друг,“ раскажал еден од работниците.

„За Елизабет. Засекогаш. “ стои испишано на клупата на љубовта.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg