Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледа совршениот маж според жените, а како според мажите?

При едно спроведено истражување во Велика Британија, било побарано од група жени и група мажи, да опишат како изгледа идеалниот маж.

kako-izgleda-sovrseniot-maz-spored-zenite-a-kako-spored-mazite-001

Притоа, жените опишувале како го замислуваат идеалниот за нив, а мажите го опишувале мажот кој по нивна претпоставка би бил идеален за жените.

Целото истражување се одвивало по принципот да се составуваат делови од познати машки ликови, земајќи го од секого она што сметаат дека најмногу им се допаѓа, за на крајот да се состави некој вид на фото робот, прототип на идеалниот маж.

Според крајните резултати, мажите очигледно воопшто не знаат што навистина им се допаѓа на жените, бидејќи нивниот избор не се поклопува во ниеден дел.

Мажите во Велика Британија сметаат дека идеалниот маж кој го посакуваат жените треба да има коса на Џастин Бибер, лице на Жерар Батлер, раце како Хју Џекмен, торзо како Дејвид Ганди, а нозе како Кристијано Роналдо.

kako-izgleda-sovrseniot-maz-spored-zenite-a-kako-spored-mazite-1.jpg

Идеалниот маж според жените во Велика Британија има коса како принцот Хари, лице како Џејмс Корден, раце како Педи МекГинис, торзо како Бен Коен и нозе како Џонатан Рос.

kako-izgleda-sovrseniot-maz-spored-zenite-a-kako-spored-mazite-2.jpg

Иако мажите сметаат дека жените би одбрале некој кој е крајно секси, згоден и шармантен, тие сепак го сакаат момчето од соседството кое е скромно, фино и симпатично.

kako-izgleda-sovrseniot-maz-spored-zenite-a-kako-spored-mazite-3.jpg

Девојки и момци, како според вас изгледа совршениот маж/совршената жена?

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg