15 работи кои храбрите и силни алфа жени ги прават поинаку од останатите

За некои, да се биде храбра жена или девојка значи да се замине на некое патување, да биде откачена, да направи некоја лудорија.

15-raboti-koi-hrabrite-i-silni-alfa-zeni-gi-pravat-poinaku-od-ostanatite-001.jpg

Но, за други, да се биде храбра жена, значи да се биде одлучна, да се држат работите под контрола, да се преземе одговорност.

Постојат некои работи кои ги разликуваат вторите, силни алфа жени од останатите:

1. Тие уживаат во животот

Без разлика дали се сингл, во пар или имаат комплицирана врска, тие сами си го креираат животот. Тие се оние кои се подготвени да преземат иницијатива, ризик, да пробаат нешто ново, да експериментираат и брзо да одлучуваат затоа што знаат дека нема доволно време за да чекаат и да бираат нешто посебно.


2. Тие го прават првиот чекор

Без разлика дали е приближување на странец, кажување „здраво“, давање понуда за купување стан или барање покачување на плата. Храбрите жени повеќе би ризикувале да слушнат „Не“, отколку да седат на страна и да се надеваат дека некој друг ќе им ја даде шансата што ја заслужуваат.


3. Никогаш не се понижуваат себеси

Многу малку се оние луѓе кои се 100% сигурни и задоволни со својот комплетен изглед. Но, бестрашните алфа жени го прифаќаат фактот дека секогаш околу нив ќе има некоја помлада, попаметна и послаба, па затоа не се потресуваат околу тоа. Тие знаат дека не треба некој да ги доживува само според надворешниот изглед, туку како целосен пакет, кој заслужува достојна почит.


4. Нив не им треба момче, но секогаш се отворени за некој партнер

Во време кога да се биде сингл почнува да претставува дијагноза и состојба за која е потребен некој третман, достоинствената жена не само што нема проблем да биде сама, туку и се гордее со тоа да го распределува своето време со пријателите, семејството кариерата и да нема постојана врска, туку партнер по потреба.


5. Тие не го трошат времето на посакување

Тие не мечтаат дека ќе им се врати нешто од минатото, туку го прифаќаат како уште една животна лекција од која ќе извлечат поука и ќе продолжат понатаму.

15-raboti-koi-hrabrite-i-silni-alfa-zeni-gi-pravat-poinaku-od-ostanatite-6.jpg

6. Тие ги расчистуваат работите во четири очи

Овие жени не се од оние кои ќе се затворат, ќе седат и ќе плачат зошто настанало некое недоразбирање со пријателите, туку се јавуваат ги договараат и ги расчистуваат работите, па знаат како да продолжат.


7. Знаат кога треба да отстапат

Тие знаат дека одењето напред-назад, постојаното навраќање, молење и убедување нема да доведе до совршено средување на работите. Тие знаат кога навистина треба да стават крај и да отстапат, без разлика на сè.


8. Тие очекуваат соочување

Бестрашни и фокусирани жени се оние кои не бараат одложување, туку се соочуваат храбро со сè што им се случува. Со нив секој знае на што е и нема преправање.


9. Си даваат шанса за да запознаат некој вистински

Уживаат во друштво на своите пријатели на подиумот, но немаат проблем ниту да отидат на спортски натпревар, концерт или изложба, дури и патувања ако сметаат дека токму таму е она што го бараат.


10. Не влегуваат во филмови за освојување на некој маж

Нив сигурно нема да ги видите како се трудат да украдат нечие внимание или се натпреваруваат со друга жена за да добијат некој маж. Тоа едноставно не е во нивниот стил.

15-raboti-koi-hrabrite-i-silni-alfa-zeni-gi-pravat-poinaku-od-ostanatite-5.jpg

11. Не се замислуваат ниту дека се некоја холивудска ѕвезда

Не се трудат да бидат главна ѕвезда која живее во некој замислен свет, туку пробуваат да бидат ѕвезда во својот свет.


12. Самите себе се гледаат како инвестиција

Горди се на себе и своите манири, репутација, контакти и вложуваат во својата надоградба на секое поле.


13. Никогаш не изигруваат жртва

Тие знаат дека ја имаат контролата над себе и не си дозволуваат да се понижат и пред некого да покажат дека нешто им е тешко или пак иста грешка упорно да ја повторуваат. Ја научуваат лекцијата и продолжуваат понатаму.


14. Имаат храброст да се изборат за тоа што го сакаат

Без разлика дали се работи за работа, момче или некоја друга замислена цел, тие имаат свој начин на кој ја остваруваат.


15. Тие никогаш нема да се запостават себеси заради некој друг

Тие секогаш се трудат да ги остварат своите поставени цели и никогаш не дозволуваат да ги поместат заради некој друг.

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg