Не пушите, слаби сте и имате мачка: Дали сте натпросечно интелигентни?
Научниците го истражувале прашањето за интелигенцијата со децении и дошле до заклучок дека почнувајќи од мајчиното млеко па сè до обемот на струкот имаат врска со интелигенцијата.
Постојат некои работи кои може да ве издвојат како попаметни во однос на останатите.
Не пушите
Според една израелска студија спроведена врз 20.000 испитаници, резултатите покажале дека просечниот пушач од 18 до 21 година има IQ 94, додека непушач на истата возраст има IQ 101. Оние кои пушат повеќе од една кутија дневно имаат просечен IQ од 90.
Сте посетувале часови по музика
Истражувањето покажува дека музиката им помага на децата нивниот ум да се развива на неколку начини. Вербалната интелигенција кај децата од 4 до 6 години расте по еден месец одење на часови по музика. Шестгодишни деца кои 9 месеци посетувале часови по клавир, имале пораст на коефициентот на интелигенција во споредба со децата кои посетувале глума или не посетувале дополнителни часови.
Ако сте најстаро дете во семејството
Постарите деца се попаметни, но тоа не е поради генетиката, туку поради психолошкото делување на родителите кон децата.
Послаби сте
Француско истражување покажало дека колку е поголем обемот на струкот толку е интелигенцијата помала. Луѓето чиј индекс на телесна маса е под 20 може да се сетат на 56 отсто од зборовите во речникот, додека оние кои имаат индекс на телесна маса преку 30 може да се сетат само на 44 отсто. По пет години истражувања, на луѓето со поголема тежина меморијата уште повеќе им опаѓа.
Имате мачка
Луѓето кои имаат куче како домашно милениче се покомуникативни, но оние кои чуваат мачки се поинтелигентни и почувствителни. Можеби се осамуваат, но го посветуваат времето учејќи и читајќи.
Задоени сте со мајчино млеко
Две истражувања покажале дека децата кои се задоени со мајчино млеко имаат за 7 поени повисока интелигенција од оние кои пиеле вештачко млеко уште како бебиња.
Сте користеле дрога
Според едно истражување, пронајдена е врска помеѓу високата интелигенција во младоста и користењето дрога подоцна. Многумина од оние кои имале висок коефициент на интелигенција во младоста, како возрасни посегнувале по опојни средства.
Левичари сте
Многу често левичарите се поврзуваат со криминални активности, но последните истражувања го менуваат тоа. Левичарите се повешти во комбинирањето на неколку предмети за да добијат нешто сосема ново. Затоа се смета дека тие се добри музичари и архитекти.
Високи сте
Како и левичарите, така и високите луѓе се честа тема во дебатите врзани за интелигенцијата. Но, последното истражување го докажало тоа. На приемните тестови кои ги полагаат децата пред да тргнат во училиште, високите деца покажале многу подобри резултати од пониските.