5 животни лекции кои треба да ги заборавите уште денес
Лекциите научени на своја кожа се оние кои се паметат најдобро, но овие 5 треба да ги заборавите уште денес.
1. Грижете се за она што го мислат другите
Постојано сте се грижеле дали она што го правите останатите ќе го коментираат позитивно или негативно, но сега е време да престанете со грижа за она што го мислат или кажуваат другите за вас, бидејќи често го зборуваат само она што им одговара.
2. Секогаш бидете фини
Можеби гостинот во ресторан е секогаш во право, а келнерот треба да е фин без разлика на сè, но гостите во вашиот живот не треба секогаш да се толерираат до границите на вашиот толеранција, бидејќи вие не сте келнер, вашиот живот не е ресторан и понекогаш потребно е на некултурните да им зборувате на нивниот јазик за да ве разберат.
Првиот пат бидeтe фини, вториот пат натерај ги да бидат фини кон вас!
3. Постојано бидете подготвени за најлошото
Ако постојано мислите на најлошото истото и ќе го привлечете, затоа оваа лекција која сте ја научиле од неочекуваните грешки во животот веднаш елиминирајте ја од вашиот дневен репертоар, а наместо тоа постојано очекувајте го најдоброто!
4. Не им верувајте целосно на луѓето
Ако не им верувате, како ќе живеете сами? Доколку некој во минатото ја изневерил вашата доверба, тоа не значи дека останатите треба да ја трпат вашата недоверба и постојано да ја докажуваат својата верност. Верувајте им на луѓето, нема што да изгубите, освен непотребна личност во вашиот живот.
5. Секогаш давајте втора шанса!
Никогаш не давајте втора шанса никому освен на самите себеси, бидејќи тој што ве сака, почитува и цени ќе ја искористи и првата шанса како да му е последна!