Корисни употреби на бебешката пудра: Згуснете ги трепките, исчистете ги чаршафите
Ќе се изненадите за што сè можете да ја искористите бебешката пудра која со недели и месеци ви стои на полиците, а не знаете зошто ја купивте.
Исчистете го миленичето
Бебешката пудра функционира како шампон за суво миење, така што со неа можете да ги освежите влакната на миленичето. Ова е посебно корисно во зимските месеци, кога бањањето е вистинска мака.
Ги лади и чисти чаршафите
Во лето најдобро е навечер да пропрскате малку бебешка пудра врз чаршафите за да ги одржите студени. Пудрата ја впива и потта, така што ќе се разбудите во свеж и чист кревет.
Впива маст
Ако ставите малку бебешка пудра врз масната флека на омилената облека, многу побрзо ќе ја исчистите.
Ги освежува книгите
Можете да ја употребите за да ја елиминирате влагата од старите корици и книги. Посипете малку помеѓу страниците и оставете да отстои. Книгата ќе биде како нова.
Им дава густина на трепките
Ставете малку пудра пред да нанесете маската. Ќе добиете неверојатна густина и волумен.
Го отстранува непријатниот мирис од кондурите
Кога чевлите не ви мирисаат најдобро, ставете бебешка пудра во нив и оставете ја да отстои цела ноќ. Наутро исчистете и облечете ги повторно.
Против шкрипење
Ако дрвениот под шкрипи, ставете малку пудра во пукнатината.
Ја намалува болката по депилацијата
Напрскајте ги нозете пред депилација и бебешката пудра ќе создаде тенок слој кој ќе ја заштити кожата од восокот.
Зацврстете ја шминката
Наместо да плаќате цело богатство за скапи производи, нанесете малку пудра која ја зацврстува шминката.
Замена за дезодоранс
Додека да си купите нов дезодоранс, користете бебешка пудра. Таа ја впива потта и мириса многу поубави.