„Ќе почнам од понеделник“ - Зошто ги одложуваме работите?
Одложувањето е нешто што сите го правиме. Наместо да учите, работите или да правите нешто корисно, веројатно безброј пати сте се уловиле како гледате глупава програма, дремете на Фејсбук или едноставно гледате во празно.
Зошто сите ги одложуваме работите?
Постојат 15 клучни причини заради кои користиме секакви изговори и оправдувања.
1. Не знаеме што треба да направиме.
2. Не знаеме како треба нештото да го направиме.
3. Не сакаме да го направиме.
4. Не се грижиме доволно дали работата ќе биде завршена или не.
5. Не се грижиме ниту за начинот на кој таа ќе биде завршена.
6. Не се чувствуваме расположени за она што треба.
7. Имаме навика да го чекаме последниот момент.
8. Веруваме дека подобро функционираме под притисок.
9. Мислиме дека сè можеме да направиме во последен момент, за 5 минути.
10. Ни недостасува иницијатива.
11. Заборавени сме.
12. Вината ја префрламе на болест или одредена болка.
13. Го чекаме вистинскиот момент.
14. Потребно ни е време за размислување.
15. Одложуваме една работа за да се посветиме на сосема друга обврска.
Зошто вие ги одложувате работите?