Животот е поубав во лето!
Снежни покривки на куќите, дожд, топло огниште, празнично расположение и тмурни денови во кои немаме желба за ништо друго освен да спиеме...
Сето ова формира примамлива комбинација, но колку и да ја сакаме зимата, мора да признаеме дека сепак животот на лето е подобар.
Еве ги причините зошто е тоа така, со кои сигурно ќе се сложите и вие:
- Рацете постоајно ви се топли, немате потреба од ракавици.
- Чизмите се се веќе минато и не мора да го носиме тој тежок товар на нозете само за да останат топли.
- На нивно место доаѓаат патиките, балетанките, римјанките, гладијаторките, високите потпетици, апостолките за на плажа...
- Кога веќе спомнавме плажа, таа е една од најдобрите причини зошто животот е поубав на лето, нели?
- Коктели, журки до раните утрински часови, летен одмор со семејството или пријателите, заеднички викенд со партнерот на море, попладневни дремки кога е најжешко...
- Нема потреба од носење на чадори исто како и три слоеви на облека.
- Наместо тоа ги вадиме хавајките, летните фустанчиња, рамбовките, мини здолништата, кусите панталони, носиме се на гола кожа без здодевните хулахопки, нема чорапи, нема капи, шалови...
- Не мора да се грижиме како ќе го извадиме автомобилот од снегот наредното утро за на работа.
- Пиеме повеќе вода што е плус за нашиот организам и добиваме поголема мотивација за одржување на телото во топ форма.
- Трчаме рано наутро во парк, покрај кеј или блиска околина без да го чувствуваме студот кој ни удира во лицето.
- Не ги забораваме ниту вкусните сладоледи од кои на зима подголтнуваме кога ќе се присетиме на нив.
- Во лето може да доживееме летна авантура која ќе се памети до крајот на животот, за разлика од зимските кои ќе ги паметиме по неуспешните бакнежи со затнат нос и настинато грло.
- На лето проблемите изгледаат помали, бидејќи денот е подолг и имаме повеќе време за да ги избегнеме или решиме.
Би можело да ве интересира:





