Каде ми е желбата?
Имате ли вие желби? Сигурна сум дека одговорот е потврден бидејќи духот на секој човек е составен од желби, беше и мојот некогаш се додека не сфатив дека веќе избледнал со моите неостварени желби.
Ако и вие имате неостварени желби од кои несвесно сте се откажале, наредните неколку реченици ќе ве освестат за нивното некогашно постоење и ќе ви дадат сила повторно да ги посакате и да ги остварите.
Беше обичен досаден ден, седнав на компјутер, со кафето во рака и бездушно се гледав во мониторот, листав низ веб страниците на интернет, но не најдов ништо интересно се додека не се појави еден тест за желби кој ми го привлече вниманието.
Го отворив и ги прочитав правилата, божем требаше да изберам број откако ќе замислам желба, а потоа да прочитам што тој број има да ми каже за неа, дали ќе се исполни или не.
Си реков ајде, иако не верувам во судбина, мислам дека сами ја креираме, исполнувањето на желбите не зависи од никој друг освен од тебе.
Ако го посакаш, можеш да го оствариш, што би рекле големите филозофи, верувам во тоа и ми успева.
Го одбрав мојот омилен број и започнав да читам што кажува тој за мојата желба, кога во моментот на втората реченица се сепнав... Јас не замислив желба!
Каде ми е желбата?
Зарем не посакувам ништо повеќе? Што се случува со мене, лошо е кога човек нема желби знаете?
Но, јас не се откажав, се вратив назад и замислив желба, макар и ситна, сепак ја посакав, тогаш сфатив дека...
...желбите се оние што не водат во животот, тие се оние кои не будат на утро, тие се оние со кои заспиваме на вечер.
Замислувајте желби бидејќи тоа е вашата душевна храна од која преживувате, што значи дека оние кои немаат желби се веќе мртви.
Желбите се наши патокази кои никогаш нема да не одведат во погрешна насока бидејќи се производ на душата која зборува кога тие молчат. Желбите се вашиот спас, не откажувајте се од нив!
Остварете ги!