Што кажуваат вашите навики во туширањето за вас?

Иако туширањето е хигиенска активност, ние луѓето ја користиме за размислување, пеење, танцување, решавање на конфликти на глас...

sto-kazuvaat-vasite-naviki-vo-tusiranjeto-za-vas-1

Што правите вие под туш освен туширање?

Одговорете и прочитајте подолу што кажува вашата навика во туширањето за вас.

Пејачот/пејачката

Вие сте гласна, самоуверена личност со многу неоткриени таленти кои наскоро треба да ги откриете и развивате.

Не прифаќате “не” за одговор и упорни сте до крај иако тоа можеби понекогаш е штетно за вашите нерви.

Верувате дека се што го заслужувало вашиот труд е вредно да се чека да даде плод.


Туширање набрзина

Постојано се чувствувате како да сте во трка со времето, а тоа секогаш ве победува. Прецизни сте и правите детален план за секоја активност која планирате да ја превземете.

Знаете што сакате од иднината и ќе направите се за да го добиете истото.

Ретко уживате во моментот, бидејќи сте премногу фокусирани на иднината или минатото.


Универзално туширање

Ги четкате забите, се депилирате, ставате регенератор на косата повеќе пати, а исто времено и размислувате на глас. Вие сте привлечна личност во очите на сите околу вас.

Понекогаш ве нарекуваат нарцис, но вие сепак не сте самозаљубени, напротив имате листа на недостатоци кои може да ги видите само вие, иако мислите дека ги гледаат сите.

Сакате се да завршите на време, за потоа да можете да заминете со мислите во својот имагиниран свет во кој се е совршено и по ваш вкус!


Размислувачот

Вашето туширање поминува без пеење, но гласовите псотојано ви пеат во главата и туширањето за вас претставува место на кое може да размислувате без никој да ви пречи.

Повлечена личност која секогаш ја гледа најлошата варијанта на ситуациите, но сепак го извлекува најдоброто од неа.

Имате голем капацитет и иако се двоумите дали сепак постои, не плашете се, искористете го!


Дооолго туширање

Останувате под туш повеќе од предвиденото во вашата глава, секогаш!

Едноставно ви годи времето кое го поминувате со себеси без никој, но тоа не значи дека не сте друштвена личност. Напротив вие сте зависни од вашето друштво и семејство без кое не можете ниту еден ден.

Понекогаш мастурбирате под туш и го обожавате сексот повеќе од што си мислите.


Туширање, не! Топла када, да!

Го прескокнувате туширањето исто како што често ги прескокнувате проблемите во вашиот живот и се одлучувате за топла када во која се опуштате максимално.

Вие сте свој човек кој сака да живее по свои правила и не му е гајле за тоа што ќе кажат за него останатите се доколку сте вие среќни и задоволни.

Обожавате да се негувате и да си посветувате време самите себеси, но понекогаш сте премногу себични и егоистични, што не е баш супер карактеристика!

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg