Сите пробале дрога, но зошто некој станува зависен, а некој не?

Консумирањето на дрога во модерното време не е толку ретка, додека зависноста, односно наркоманијата е многу поретка појава.

site-koristat-droga-no-zosto-nekoj-stanuva-zavisen-a-nekoj-ne-01.jpg

Може да се каже дека 1 од 3 личности пробала било каква забранета супстанца, а поголем дел од истите не завршиле со штетни последици.

Кога земате дрога, се изложувате на 2 различни опасности. Додека едната е моментална, односно опасност од труење и предозирање, втората е подолгорочна и е голем ризик за оние кои си ги оштетуваат органите со марихуана или кетамин.

Сепак, повеќето луѓе ја поминуваат онаа експериментална фаза во која ги пробуваат овие забранети супстанци.

Според многубројни истражувања прилично мали се шансите да развиете долгорочна зависност ако пред тоа не сте биле ранливи од друга причина - проблеми со семејството, сиромаштво, недостаток на перспектива или некоја тешка траума.

site-koristat-droga-no-zosto-nekoj-stanuva-zavisen-a-nekoj-ne-02.jpg

Докажано е дека зависноста од тешки дроги како хероин и крек ја развиваат само оние од сиромашниот слој, без можност за квалитетен живот. Тие не се доволно подготвени за да успеат, па затоа го изолираат проблемот, наместо да го решаваат.

Кога се работи пак за марихуаната, корисниците се обично припадници на повисоките слоеви, со висока интелигенција и лица кои се изложени на било каков облик социјален стрес.

site-koristat-droga-no-zosto-nekoj-stanuva-zavisen-a-nekoj-ne-03.jpg

Ако темелно се разгледа оваа поделба, многу лесно ќе откриете дека корисниците на дрога кои никогаш не станале зависници, претежно имаат стабилна позиција во друштвото, имаат поддршка од семејството и живеат во пријатна атмосфера. Исто така, имаат разработено повеќе вештини за самоконтрола и грижа.

Што значи, зависноста од дрогата се развива под сложени социјални околности и не телото, туку секојдневните фактори (на кои секогаш можеме да влијаеме) се „виновни“ за тоа ако употребата на дрога се претвори во долгорочна зависност и опасност.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg