За секое добро, постои одлично!

Секој човек кога испушта или губи добра работа од раце, жали за истото бидејќи во првиот момент не сфаќа дека со негово заминување, доаѓа нешто подобро, нешто одлично.

za-sekoe-dobro-postoi-odlicno-1

Животот не секогаш ти го дава она што го сакаш, но секогаш ќе ти го даде тоа што ти одговара најмногу во моментот, а доказ за тоа се овие неколку причини кои ќе ви докажат дека сепак за секое добро, постои одлично откако тоа ќе си замине.

- Кога ќе ги загубиш лажните пријатели, добиваш вистински, искрени и доживотни кои ќе те ценат како твој брат или сестра.

- Кога ќе загубиш пари, добиваш мотивација да заработиш уште повеќе од изгубеното за да си ја задржиш самодовербата.

- Кога ја губиш самодовербата, добиваш храброст да продолжиш понатаму, бидејќи знаеш дека си на дното, подолу нема, а ти мора да се издигнеш, полека но сигурно.

- Кога ќе замине твоја драга личност на другиот свет, добиваш желба за живот и ги цениш повеќе луѓето околу себе.

- Кога ќе ти дадат ниска оценка или ниско признание на работа или факултет, добиваш сила која ќе те натера да го извадеш максимумот од себе и да се докажеш дека оценката не е достојна за твоето знаење.

- Кога некој те навредува, добиваш на култура бидејќи нема да си дозволиш да паднеш на негово ниво, добиваш самопочит која соперникот ја нема, ја гледаш неписменоста во неговото лице и се чувствуваш семоќен.

- Кога затвораш една врата, ти се отвораат десет нови кои те водат кон различни правци, секој од нив не е правилен, но според претходно искуство ќе знаеш кој да го одбереш.

za-sekoe-dobro-postoi-odlicno-2

- Кога губиш надеж, добиваш поддршка од тој што најмалку си очекувал и сфаќаш дека неочекуваното е најубаво!

- Кога губиш во остварување на животните цели, добиваш проширување на границите во твојот мозок кон повеќе алтернативи и сфаќаш дека секогаш е добро да имаш план Б, В...

- Кога започнуваш да се будиш од твоите соништа среде нивното остварување во реалноста, добиваш поголема снаодливост во движење на твојот животен пат. Сфаќаш дека повеќе треба да остваруваш, помалку да сонуваш!

- Кога ја губиш сигурната работа, добиваш сознание дека ништо не е сигурно, а ти мора бидеш подготвен да се прилагодиш на промените во секое време, на секое место.

- Кога ја губиш желбата за живот, добиваш дисциплина на твоите емоции кои ќе ти дадат поголема желба за живеење која никогаш нема да згасне, бидејќи сфаќаш дека твоите емоции се твои и ти си единствен кој може да ги контролира.

- Кога губиш љубов, добиваш лекција за тоа што е љубов, а вистинска љубов не е вистинска ако ја изгубиш!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg