Вреди да ја имате дома: 10 неочекувани примени на алуминиумската фолија
Вообичаено се користи за покривање на тавите при печење месо или при пакување на некоја храна. Сите ја имаат дома, но не се свесни дека можат да ја искористат на 10 различни практични начини.
1. Наместо витлери
Ако сакате да си направите локни, а немате витлери, тогаш може да ја искористите алуминиумската фолија како твистер витлер и да ја намотате косата. Така завиткана исушете ја со фен.
2. Полирање на сребрените садови
Ова е одличен трик со чија помош ќе ви блесне сребрениот есцајг. Поголем пластичен длабок сад обложете со алуминиумска фолија ставете ¼ сода бикарбона, 4 l зовриена вода и оставете го сребрениот прибор да отстои околу 15 минути.
3. Чистење на скарата
Една ролна фолија е доволно за да ги отстраните остатоците од месото и маснотиите на решетките од скарата.
4. Ја штити кората на питата од горење во рерната
Ако се плашите дека вашата омилена пита ќе загори, доволно е да ја покриете одозгора со алуминиумска фолија.
5. Покријте го чипот на кредитната картичка
Ако вашата картичка содржи RFID (радиофрекфентен идентификациски број) личните податоци можат да ви бидат откриени со скенирање на овој чип, иако картичката во се наоѓа во паричникот. Затоа, за секој случај покријте го со алуминиумска фолија и заштитете се.
6. Миење садови
Направете топка од алуминиумска фолија и користете ја како сунѓер или жица за миење на чинии и тенџериња.
7. Плашење птици
Ако сакате да ги избркате птиците кои ги јадат плодовите на дрвјата во вашиот двор, доволно е на стеблото ли некоја гранка да намотате малку алуминиумска фолија која ја одбива сончевата светлина и ги плаши птиците.
8. Да поместите тежок мебел
Ногарките на мебелот замотајте ги со алуминиумска фолија и лесно придвижете го до потребното место.
9. Помага при пеглање
Алуминиумската фолија прима и пренесува топлина која може да ја искористите при пеглање. Поставете ја фолијата под ткаенината која ја пеглате и исправувањето на наборите ќе ви биде многу полесно.
10. Импровизирана инка
Во случај да немате дома инка, фолијата свиткана како фишек може да ви заврши одлична работа.
Имате уште некоја интересна идеја за употреба на алуминиумската фолија?
Би можело да ве интересира:





