Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што не смеете да правите и што мора да имате со вас кога температурите се под 0?

Овие совети ќе ви помогнат во следниот период, со оглед на најавените ниски температури и врнежи од снег. Прочитајте ги, не знаете кога ќе ви затребаат.

ova-mora-da-go-znaete-sto-ne-smee-da-pravite-i-sto-mora-da-imate-so-vas-koga-temperaturite-se-pod-0-01.jpg

1. Никогаш не треба да ги триете смрзнатите раце и нозе со снег или било што друго, ниту пак да ставате жешка вода затоа што во спротивно ќе дојде до оштетување на кожата.

2. Потребно е што побрзо можете да ја соблечете мократа облека и да се загреете со слатки пијалаци.

3. Слоевитото облекување е секогаш потопло и попрепорачливо отколку еден единствен дебел џемпер.

4. Внимавајте обувките да не ве стегаат ако претерате со дебелината на чорапите, затоа што тогаш постигнувате спротивен ефект - ја сопирате циркулацијата и на тој начин нозете ви се постојано смрзнати.

5. Надворешниот слој од облеката треба да биде од материјал кој не пропушта ветар и влага.

ova-mora-da-go-znaete-sto-ne-smee-da-pravite-i-sto-mora-da-imate-so-vas-koga-temperaturite-se-pod-0-02.jpg

6. Јакната треба да е затворена околу вратот, колковите и на ракавите за топлиот воздух да не излегува надвор. Добро е да имате и капуљача која ќе ја ставите над капата.

7. Секогаш бидете свртени со грб накај ветерот, а не со градите и лицето. Задолжително ставете капуљача, а рацете топлете ги во џеб.

8. Потребно е секогаш да имате нешто слатко со вас или ако е возможно термос со сладок пијалак.

9. Ниските температури многу побрзо ја испразнуваат батеријата, па затоа попаметно е телефонот да го чувате во внатрешен џеб, отколку во надворешен.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg