Зошто да ги чекате вашите 5 минути кога имате бесконечно минути на располагање?

Живеете во рутина, постојано надевајќи се дека самата ќе престане да се врти околу вашиот живот како Земјата околу нејзината замислена оска, бидејќи реално вашата рутина е замислена и нереална.

zosto-da-gi-cekate-vasite-5-minuti-koga-imate-beskonecno-minuti-na-raspolaganje-3

Се прашувате ли зошто?

Бидејќи истата се наоѓа во вашите мисли, резултира со досада и незадоволство кое самите си го приредувате дозволувајќи таа да завладее во вашиот свет во кој би требало да бидете само вие свој господар.

Зошто продолжувате да го правите истото секој ден?

Зарем сте неспособни, немате доволно храброст или едноставно не сакате... Можеби задоволни сте од вашето незадоволство кое ве умира во животот.

Но, ќе помине си велите, ќе падне од небо таа шанса, мојата шанса која долго ја чекам, а јас со отворени дланки ќе ја зграпчам толку силно што ќе ја стопам како снегулка во, а потоа ќе чекам повторно до наредната година нова снегулка, си велите...

Моите 5 минути ќе дојдат, ќе им покажам на сите!

Ова е вашата постојана мисла која ве теши во губењето на секој изгубен ден. Но, зошто да размислувате на тој начин кога постои друг, подобар?

Зошто ги чекате вашите 5 минути цел живот, кога постојат бесконечно минути кои ви се на располагање секој ден?

Зошто овие 5 минути откако ќе го дочитате текстот не бидат тие ваши 5 минути кои сте ги очекувале отсекогаш?

Дајте сè од себе и обидете се да го запрете часовникот во ваша полза секогаш кога ќе посакате, наместо да чекате самиот да застане за вас!

Не чекајте ги вашите 5 минути, бидејќи ако ги чекате бесцелно можеби никогаш нема да ги добиете.

Направете ги сите наредни 5 минути во вашиот живот вредни за паметење и полни со елан кој ќе ве води низ вашиот пат кон задоволството кое сигурно нема да трае само 5 минути, ќе трае бесконечно.

zosto-da-gi-cekate-vasite-5-minuti-koga-imate-beskonecno-minuti-na-raspolaganje-2

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg