Русокоса паднa на првото прашање во „Милионер“ (видео)
Иако некои мислат дека првите 5 прашања во квизот „Кој сака да биде милионер“ се наједноставните и сите ги поминуваат, веројатно има и исклучоци.
Русокосата Витни Беслер од Австралија успеа да влезе во историјата како прва и засега единствена која го згрешила одговорот на првото и наједноставно прашање.
На прашањето „Кој од наведените прстени не симболизира врска меѓу две личности?“, од понудените одговори: „веренички прстен“, „прстен за годишнина“, „венчален прстен“ и „бургер прстен“, таа се одлучила за најнелогичниот.
Го одбрала „прстенот за годишнина“ како одговор, не размислувајќи дека „бургер прстени“ се всушност вид смоки во Австралија.
Никогаш не била позасрамена, а како утеха на крајот водителот ѝ подарува пакетче со бургер прстени „Burger rings“.