Најубавиот момент: Кога се исполнува една детска желба (видео)
Една од светските компании за транспорт и логистика UPS има кампања во која наместо вообичаената достава на пакети, доставува, односно исполнува желби. На тој начин успева многумина да направи среќни.
Четиригодишниот Карсон е еден од среќниците кој никогаш нема да го заборави денот во кој му се исполнува најголемата желба.
Како и сите други деца и тој уште како мал имал замисла и желба што сака да биде кога ќе порасне. Додека некои сакаат да бидат доктори, пилоти, фудбалери, Карсон сакал да вози UPS камион со пратки и да им ги разнесува на луѓето.
Толку многу се радувал кога ќе го види камионот на во неговата улица, што дури има и негова UPS униформа, иста како на возачот Ерни со кој секојпат се поздравува.
Еден ден, кога застанал камионот пред неговата куќа, пратката за него била сосем поинаква. Неговата реакција не се опишува: