Моменти во кои требаше да го послушате советот од пријателите

Кога се работи за вистинските пријатели, тие навистина ни го чуваат грбот и имаат само добри намери кога ни делат совети и мудрости.

momenti-vo-koi-trebase-da-go-poslusate-sovetot-od-prijatelite-001.jpg

За жал, често истите совети ги разбираме на погрешен начин, па доаѓате во ситуација во која откако ќе згрешите си помислувате „изгледа убаво ми велеше...“

Ова се ситуациите во кои без размислување требаше да го послушате советот кој ви го дадоа пријателите:

Кога ви велеа да не го пиете последниот шот

Вашите пријатели ви ги познаваат границите и точно знаат кога ќе се претворите во распеано чудовиште, а кога во најдепресивната личност. Токму затоа, кога ќе ви речат да престанете да пиете - послушајте ги.


Кога ви велеа да не и/му се враќате на бившата/бившиот

Сакале вие да признаете или не, вашите пријатели точно го проценија последниот партнер. Нивните гледишта се објективни, без никакви емоции и страсти, па кога ќе ви кажат дека бевте со погрешната личност и добро е што врската заврши, послушајте ги пред да си нанесете поголема штета.


Кога ви кажуваа дека тој/таа не е заинтересиран/а

И на овој начин ви заштедуваат невидено количество на енергија и срам, заради фактот што нема да ви дозволат да испратите порака или да поканите личност која едноставно не е заинтересирана за вас.

momenti-vo-koi-trebase-da-go-poslusate-sovetot-od-prijatelite-1.jpg

Кога ви велеа дека тоа парче облека не ви стои

Ако побаравте мислење за фустанот, патиките или панталоните - го добивте најискреното. Затоа, кога ќе слушнете „ќе најдеш ти и подобро,“ продолжете да шетате.


Кога ви свикаа дека навистина претерувате

Мислиме на расправијата со дечкото, девојката, мајката, колегата, шефот, продавачот која не сакавте да ја прекинете... И тука се во предност затоа што не се директно вмешани во ситуацијата. Затоа не го сфаќајте ова како делење памет, туку како ситуација која ја преминала границата на дозволеното.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg