Пораката на неговиот автомобил му ја врати вербата во луѓето

Вообичаено е ако видите ливче залепено на вашиот автомобил тоа да е некоја казна, сметка или реклама.

vakva-poraka-zalepena-na-avtomobilot-ne-se-naogja-cesto-01

Можеби некои добиваат и по некое љубовно писмо, но ретко се забележува човечката добрина и пријателство на случајни минувачи.

Сепак, постојат некои луѓе кои знаат искрено да пружат помош без да бараат ништо за возврат, туку само затоа што сакаат да помогнат или знаат да сочувствуваат и да се постават од друга страна.

На една таква ситуација наишол и еден случаен минувач кој си го имал паркирано автомобилот, но, ги заборавил вклучени светлата.

Некој друг кој поминувал на истото место и забележал дека светат светлата на паркираниот автомобил, размислил што може да се случи, па се обидел да му помогне на непознатиот човек.

Му напишал порака во која му опишува дека поради вклучените светла сигурно ќе му се потроши акумулаторот и нема да може да го запали автомобилот.

Затоа му оставил и дополнителен полнач во картонска кутија . Покрај тоа, не знаејќи за кого се работи решил и накратко да му објасни како се користи. На крај му посакал среќа и го поздравил.

Ливчето залепено на шофершајбната го изненадило возачот на автомобилот кога го нашол, па решил да го сподели и на социјалните мрежи.

Ретко се гледа ваква хуманост!

vakva-poraka-zalepena-na-avtomobilot-ne-se-naogja-cesto-1

Би можело да ве интересира:

Милијардери кои не успеаја да си ја купат слободата и завршија во затвор Елизабет Холмс ја споредуваа со Стив Џобс и таа беше прогласена за најмладата же...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg