Вака ме учеше мојата баба: Домаќински совети кои вреди да ги послушате
Ако мислевте дека некои совети од вашите баби се бесмислени, размислете подобро. Понекогаш, наједноставните и најобични трикови даваат совршени резултати.
Еве што научив од мојата баба изминативе неколку децении, а би требало и вие:
- Домашните билки не се само украс во домот, туку и филтри за воздухот. Тие ќе внесат свежина во просторот, а најдобар избор се фикусот, палмата, кучуковото дрво и филадендрон.
- Кога ќе ви кажат дека стаклото најдобро се чисти со хартија, верувајте им. Хартијата и весниците се направени од густи влакна кои имаат голема моќ на впивање.
- За да ги дезинфицирате сунѓерите, најдобро е да ги загреете. Ставете ги неколку минути во рерна или микро печка на највисока температура и ослободете се од бактериите кои се собираат со денови и недели.
- Мастиката најлесно ќе ја отстраните со путер од кикирики. Не е важно на што се наоѓа, доволно е ткаенината или предметот да го премачкате со путер од кикирики, да почекате неколку минути и безболно да ја отстраните гумата за џвакање.
- Ако имате дупки во тепихот најлесно ќе ги пополните со коцки мраз. Иако звучи апсурдно, обидете се. Ставете коцка мраз на местото, оставете ја да се растопи а потоа со виљушка расчешлајте ги влакната.
- Дупките од шајки најлесно ќе ги пополните со сапун, така што со кружни движења ќе ја поминете дупката додека не стане невидлива.
- Ако сакате побрзо да ја испеглате облеката, користете алуминиумска фолија. На тој начин топлината ќе се пренесе на двете страни од облеката.
- Ако имате гребаници на мебелот од дрво, тука ќе ви помогне оревот. Оштетениот дел поминете го со дел од орев, кој ќе ги пополни сите неправилности.
Би можело да ве интересира:





