Што кажува вашата профилна фотографија на социјалните мрежи за вас?

Селфи или слика со пријателите на која држите пиво во раката? Или пак слика во тоалетот од ноќниот клуб објавена десет секунди од нејзиното настанување?

sto-kazuva-vasata-profilna-fotografija-na-socijalnite-mrezi-za-vas-1

Дознајте што кажува вашата профилна фотографија на социјалните мрежи за вашата личност.

Селфи

Сопствена слика на која јасно се гледа дека сте ја направиле сами во каков било момент и во каква било поза покажува дека сакате да бидете секогаш во центар на внимание, нарцисоидно сте настроени и се ставате секогаш на прво место во вашиот живот.


Фотографија со пријателите

Вие ги сакате пријателите повеќе од сè, дури и многу повеќе од самите себеси и вашето семејство. Исрени сте, лојални, но озборувањето е ваша маaна која ја сметате за предност.


Фотографија со семејството

За разлика од оние со слика на која постојано се со нивните пријатели, вие наместо нив секогаш го ставате семејството на прво место. Делувате како мирна личност која ги има секогаш најдобрите оценки и слепо им верувате на луѓето, што понекогаш претставува разочарување за вас.


Фотографија од интернет

Слика од цвеќе, фигура или позната личност укажува дека вие не сакате да се експонирате премногу во јавноста. Таинствени сте, не само на социјалните мрежи туку и со своите блиски кои упорно се трудат да ве запознаат подобро, но не им дозволувате. Креативни сте и секоја критика упатена кон вас ја земате при срце.


Фотографија со вашето момче или девојка

Вие сте вечно заљубени, бидејќи постојано ставате фотографии на кои се бакнувате, прегрнувате или држите за рака со својот сегашен партнер. Истото сте го правеле со партнерите пред него. Лесно се заљубувате, но уште полесно се повредувате доколку наидете на љубовно разочарување. Кревки сте и физички атрактивни.

sto-kazuva-vasata-profilna-fotografija-na-socijalnite-mrezi-za-vas-2

 Фотографија во тоалет или во дворот од вашата куќа

Сакате да постирате каква било слика на која се наоѓате вие со вашите пријатели или сами, независно дали тоа е на место кое не е соодветно за сликање. Тоа укажува дека сте личност која има свое сопствено мислење, не прифаќа туѓи совети и прави што сака без разлика дали тоа е правилно или не.


Фотографија од одмор или некое патување

Доколку на вашиот проифил постојано стои вашата слика од одмор или некое патување, вие се класифицирате во оние личности кои сакаат да се експонираат во јавност со покажување на вашето искуство од различни патувања на кои останатите им завидуваат. Емотивни сте и лесно се приврзувате кон луѓето во животот, но тешко се одвикнувате од нив кога тоа е потребно.


Фотографија со милениче

Вие сте една добра душа која е љубител на животни, личност која никогаш не би трпела физичко насилство  и никогаш не би кренала рака на некој друг. Не сакате расправии, ве радува хармонијата и добрите односи со луѓето кои понекогаш знаете да ги расипете поради вашата недовербата во нив.

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg