Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој ви ја краде енергијата?

Енергијата е потребна за правилно функционирање на организмот, правилно размислување и елан кој ќе ви дава мотивација и храброст за да се разбудите наутро.

koj-vi-ja-krade-energijata-1

Едноставно енергијата е причина која ве тера да живеете секој ден, но што кога некој ќе се обиде да ви ја украде?

Еве неколку примери за тоа кој може да ви ја краде секојденвно енергијата на начин на кој вие може да не го забележите тоа.

Негативните пријатели

Постојано сте во друштво на негативни пријатели кои само се жалат на сè и сешто и ништо не им е во ред, а со тоа ја крадат вашата енергија. Веднаш престанете со дружбата и пронајдете позитивни пријатели кои наместо да ви ја крадат енергијата, ќе ви подаруваат нова, позитивна која нема да ви биде товар.


Негативните родители

Незадоволни од вас, како нивно дете кое било бунтовник и не сакало да ги следи нивните совети и стапки, поради остварување на своите соништа наместо нивните, понекогаш родителите може да ви делуваат негативно.

Не е возможно да ги избришете од вашиот живот, но возможно е да разговарате со нив и да им објасните дека не е во ред да бидат негативни со вас.


Негативното минато

Сте направиле грешки во минатото за кои сега се каете? Сфатете дека вие сте само човек како и сите останати и време е да си простите за грешките бидејќи потсетувањето на нив само ви црпи енергија и никогаш нема да ви ја подари истата.


Негативните професори или колеги

Вашите професори ве буткаат на испит, или колегите на работа ве поттурнуваат кон дното сакајќи да се истакнат над вас. Наместо да ви ја црпат енергијата и да се хранат со вашата несреќа, бидете среќни и оставете ги да патат од глад.


Негативните мисли

Негативните мисли нема да ви донесат позитивна енергија, а уште помалку позитивен живот - толку е кратко и едноставно.


Негативното “
Јас”

Понекогаш се случува самите да си ја црпите енергијата незнаејќи дека тоа е штетно. Позитивната перцепција кон себеси и убедувањето дека не можете да направите нешто што многу го посакувате ја црпи вашата позитивна енергија и самите се исполнувате со негативното.


Проширете ги хоризонтите и отстранете ги ограничувањата

Оставете позитивната енергија да кружи низ вашето тело и ум и сфатете дека само небото е граница за вас, а вие сте господар на вашата енергија и мисли кои можат да ви донесат позитивен живот доколку им дозволите!

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Неучтиви работи што треба да ги избегнувате во супермаркет (прават да делувате невоспитано) Ги блокирате рафтовите со количката и пробувате да одите преку ред на каса – со ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg