Разумот или срцето? 4 ситуации во кои никој не знае што да послуша
Секој ден сме соочени со донесувањето на одлуки кои најчесто зависат од нашиот разум, наместо од нашето срце.
Иако себеси се сметате за зрела личност која знае како да постапи во различни ситуации и никогаш да не погреши при изборот дали да го послуша срцето или разумот, овие 4 ситуации сигурно се голем проблем и за вас.
Ве изневерил/а? Сега што?
Никој не може да поднесе изневерување, но исто така никој не може да поднесе живот без саканата личност на која ѝ верувал цело време. Во ваква ситуација разумот вели откажи се, но срцето плаче, нели?
Заљубени сте во забранета личност?
Сте се заљубиле во професорот, момчето на вашата пријателка или пак, личност за која знаете дека нема да ви донесе ништо добро. Но, сепак не може ништо да направите освен да размислувате постојано, што да послушате срцето или разумот. Срцето ви вели, тоа е добар избор, но разумот го вклучува црвеното светло за опасност кое намерно не го забележувате.
Треба да одберете помеѓу вашите соништа и соништата на вашите родители? Сега што?
Сакате да заминете во далечна земја, да студирате на странски универзитет или пак да преземете чекор кој знаете дека ќе ве однесе едно скалило погоре кон остварување на соништата, но болката на родителите ве убива. Што ако нешто им се случи додека сте далеку? Срцето вели оди, разумот ви ги враќа чекорите.
Сакате да имате секс, но не сакате да избрзате?
Сексуалната желба ве обзема, го посакувате партнерот, но се плашите да не избрзате и да го загубите неговото внимание. Срцето вели предај се, но разумот ве тера да се воздржете.
Што би послушале вие во овие ситуации? Срцето или разумот?