10 совети како да го одржувате велосипедот во зимските месеци
Љубителите на велосипедизмот тешко се разделуваат од својот миленик во зимскиот период. Иако велосипедот важи за најпрактично летно превозно средство, доколку се придржувате до неколку важни совети за зимското одржување, може да продолжите да го возите и во зима.
Многу е поспецифично одржувањето во зимски услови, кога има многу поголема изложеност на дожд, снег, сол, кал и ветер.
Сепак, постојат неколку совети кои може да ви помогнат во одржувањето на вашиот велосипед:
1. Одржувајте го чист
Најважно е доколку го возите по снег или кал, штом стигнете дома да го исчистите додека е влажен и пред да успее солта да се задржи на металните делови. Доколку веќе е исушен, се препорачува да го попарите со топла вода и брзо да го избришете.
2. Подмачкајте го ланецот
Штом го измиете, потребно е да ги подмачкате клучните делови за да не се оштетат. Особено ланецот мора секогаш да биде добро подмачкан.
3. Зимски гуми
Многу од оние кои произведуваат или продаваат велосипеди имаат и дополнителна опрема за зимски услови, како што се зимските гуми. Вообичаено тие треба да бидат пошироки, за да ви дадат поголема стабилност. Кога ќе ги чистите овие гуми, внимателно извадете сите камчиња кои може да се заглават во нив.
4. Притисокот во гумите
Ако патиштата се мокри, со испуштањето малку воздух од гумите може лесно да се прошири на површината која е во допир со асфалтот. Тоа ќе ја подобри и способноста на гумата да апсорбира вибрации во текот на возењето на лоши патишта. Не мора да ги пумпате гумите до максимум иако постојат некои идеални вредности кои се препорачуваат. Кога времето е влажно, гумите може да бидат и помеки од вообичаено.
5. Спречете издишување на гумите
Доколку налетате на некое остро камче или парче стакло кое ќе ви ја скине гумата, не се обидувајте да го вадите додека сте на пат. Подобро е да повикате пријател кој ќе ве префрли до дома, па внимателно ќе може да видите што сте направиле.
6. Браници
Браниците спречуваат калта по патот додека возите да се лепи на тркалото и да навлегува на незгодни места. Долгите браници овозможуваат најголема заштита, лесни се за поставување и за одржување.
7. Избегнете `рѓа
Деловите кои би можеле да за`рѓаат во текот на зимата премачкајте ги на време со антикорозивно средство. Тоа ќе го продолжи векот на велосипедот.
8. Редовно одржување
Механичките компоненти мора редовно да ги одржувате, а доколку постојано го користите велосипедот, може и почесто да ги проверувате. Покрај гумите, брзо се истрошуваат и кочниците, ланецот и запченикот. Покрај редовното проверување и одржување, треба и редовно да ги заменувате деловите и секогаш да одбирате поквалитетни, за да ви траат подолго.
9. Проверете го менувачот на брзини и кочниците
Во овие делови лесно навлегува вода, па може брзо да се оштетат. Затоа, редовно проверувајте ги каблите за менување брзини и заменувајте ги со нови, бидејќи се прилично евтини. Не дозволувајте да ви направат поголема штета.
10. Чувајте го на ладно и суво место
Ако можете, добро е да го чувате во гаража каде нема поголема изложеност на топлина. Мразот и влагата ќе бидат подалеку, а велосипедот ќе биде доволно заштитен на суво место и ќе се спречи појава на корозија. Покрај тоа, кога ќе излезете со него на снег, ќе ги избегнете проблемите со кондензација.