6 ситници кои го забавуваат стареењето
Се сеќавате на моментот кога трчавте по боја за коса, штом го видовте првото бело влакно? На моментот кога се појави првата брчка на вратот, па веднаш се обидовте да ја покриете со марама?
Помирете се дека непотребно трошите пари и време борејќи се со годините, затоа што тоа е битка која никогаш нема да ја добиете. Никогаш нема да изгледате како пред 10 години.
За да се ослободите од макотрпните процеси кои чинат многу, послужете се со овие 6 синици:
1. Пијте повеќе чај
Уште одамна зелениот чај е познат како делотворен антиоксиданс, со добра причина. Антиоксидансот катехини кој го има во изобилие помага во ослободувањето од масните наслаги, го намалува стресот, ги лечи воспаленијата и го забрзува метаболизмот.
2. Гответе со маслиново масло
Истражувањата покажуваат дека содржи антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од мозочен удар, инфаркт и останати болести кои се поврзани со стареењето на телото. Медитеранската исхрана, која е богата со маслиново масло, го намалува ризикот од срцеви болести за цели 30%.
3. Вежбајте, на правилен начин
Секое губење на подвижноста го скратува животот и тоа е докажано во 2013-та година. Телото и кожата може значително да се подмладат со умерена физичка активност, потврдуваат канадските научници. Секојдневното одење и шетање е сосема доволно!
4. Водете љубов - што почесто
Личностите помеѓу 40 и 50 години кои имаат двојно повеќе секс од останатите, изгледаат 5 до 7 години помладо. Сексот не само што ја одржува вашата кожа еластична и млада, туку и го продолжува животниот век.
5. Жените треба да купуваат квалитетни градници
Навечер секако треба да го соблечете градникот пред спиење, но од клучно значење е неговата компатибилност со вашите гради. Иако опуштените гради се проблем со кој се соочува секоја средовечна жена, стручните лица тврдат дека квалитетниот градник може да го одложи тој проблем, да ја отстрани болката во грбот и да овозможи правилно држење на телото.
6. Забавете и мислете позитивно
Променете го вашиот однос кон времето. Ако сте во постојана борба со времето и постојано брзате, тогаш и вашиот биолошки часовник ќе се забрза. На луѓето на кои постојано им недостасува време, крвниот притисок постојано им варира, а пулсот се забрзува. Затоа, забавете го темпото.