Ова го нема направено никој: Сам изработил венчален прстен за својата девојка
Сите мажи се обидуваат да смислат оригинален начин за да ја изненадат и запросат својата девојка, но не секој може сам да го изработи најважното нешто, прстенот.
Овој човек ја употребил сета своја вештина, техника, љубов и трпение за сам да го изработи прстенот со кој ќе ја побара за жена својата девојка.
Еве го целиот процес:
1. Најпрво прави доволно широк облик за нејзиниот прст во парче титаниум.
2. На машина ја обработува внатрешноста на прстенот.
3. Го обликува и измазнува парчето паладиум.
4. Го врти од сите страни.
5. Ги пополнува празнините на вжештена температура од 1000 степени.
6. Обликот е готов.
7. Откако го доведува до совршена големина, го полира за да биде убав и сјаен.
8. Држачот за дијамант се прави посебно.
9. Под висока температура се спојуваат двата дела во еден прстен.
10. Време е за блескавиот дијамант.
11. Рачно изработениот венчален прстен со многу љубов е подготвен за изненадувањето.
Зар би можела да одбие вакво нешто?