20 знаци дека сте поуспешни отколку што мислите

Само затоа што немате милиони, не живеете во палата и не возите скап автомобил, не значи дека сте неуспешни.

20-znaci-deka-ste-pouspesni-otkolku-sto-mislite-01.jpg

Понекогаш, успешноста лежи во малите нешта.

1. Вашите врски со пријателите и семејството се помалку драматични

Драмата не значи успешност, тоа е сигурно. Па ако вашите врски и односи со блиските стануваат сè помирни, значи дека сте успешни.


2. Не се плашите да прашате и да побарате поддршка

Низ текот на годините учите дека помошта не е слабост. Всушност, во помошта лежи моќта. Ниту една личност не успеала сама.


3. Стандардите ви се значително покачени

Повеќе не толерирате лошо однесување, ниту пак сакате времето да го минувате со цицачи на позитивната енергија. Не се плашете, не станувате лоши кон другите, само многу поуспешни во своите цели.


4. Ги напуштате работите кои ве прават да се чувствувате лошо

Ако конечно научивте како да се сакате и почитувате себеси, тогаш сигурно не сакате да сте со луѓе или во ситуации кои ве прават несреќни. А среќата е огромен дел од успехот.


5. Ја цените личноста која ја гледате во огледалото

Дури и да не се случува многу често, чувството на себевоодушевувањето ве води уште една скала поблизу до успехот.


6. Научивте дека неуспехот е дел од растењето и развивањето

Никој не е успешен 100% од времето. Едноставно, не е реално.


7. Имате поддршка од луѓе кои ќе направат сè за вас

Ако конечно ги препознавте оние кои го чуваат вашиот грб, на добар пат сте. Ако едно време селекцијата ви изгледаше болна, признајте дека нема ништо подобро од ретки, а вистински пријатели.


8. Не претерувате со жалбите

Освен ако не сте доживеале страшно искуство или незамислива загуба, немате потреба да се жалите на ситните проблеми.


9. Знаете да го прославите туѓиот успех

Само затоа што некои луѓе успеале, не значи дека вие сте неуспешни. Знаете како да дадете поддршка и аплауз на луѓето кои го достигнале врвот.


10. Имате страсти кои ги следите

И никогаш не сакате да биде поинаку. Не можете да замислите како би било ако стоите во едно место, па затоа максимално ги користите своите таленти и дарби.

20-znaci-deka-ste-pouspesni-otkolku-sto-mislite-02.jpg

11. Постојано имате работи кон кои целите

Успешните луѓе креираат долгорочни цели кои ги исполнуваат со задоволство. Токму затоа се постојано задоволни, а не моментално среќни.


12. Имате цели кои станаа реалност

И покрај тоа што искусивте неколку неуспешни обиди, бројот на остварени цели е многу поголем. Токму тој вкус на победа ве води кон следниот предизвик.


13. Имате сочувство за другите

Емпатијата е еднаква со ширењето љубов и позитивна енергија, а успешните луѓе многу добро го знаат ова.


14. Сакате длабоко и искрено, без страв

Љубовта е ризик и често застрашувачка. Но, успешните луѓе знаат како да се изборат со стравот и ризикот од одбивање.


15. Одбивате да глумите жртва

Успешните луѓе знаат како да ја избегнат улогата на жртва. Тие точно знаат дека самите ги креираат животните искуства и не се плашат од последиците од истите.


16. Не се грижите што мислат другите

Свесни сте дека не може да ги задоволите сите мислења и желби, и тоа е во ред.


17. Секогаш ја одбирате посветлата страна

Животот е полн со разочарувања, ако решите да ги гледате така. Секое разочарување може да биде нова шанса, нова можност. Успешните луѓе знаат како да учат од негативните искуства и тоа е клучната разлика која ги прави посебни.


18. Прифаќате дека работите не може да се променат

Во моментот кога ќе се соочите со работите кои не се менуваат, тогаш сте најблизу до успехот.


19. Но, ги менувате работите на кои може да влијаете

Откако ќе процените дека можете да влијаете врз ситуацијата, не седите со скрстени раце, туку делувате. Ова ве прави многу поуспешни отколку што мислевте.


20. Среќни сте

За сите луѓе во светот, среќата е дефиниција за успех. Наместо да ја измерите тежината на сметката, големината на куќата или бројот на луксузни одмори, измерете ја вашата среќа - таа ќе ви каже дали и колку сте успешни.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg