Типови на Фејсбук пријатели кои сите нè нервираат
Во време кога технологијата е претерано застапена во нашето секојдневие, а ние не правиме ништо за да го намалиме најзиното влијание, барем можеме да го намалиме стресот и да не ги губиме нервите со пријатели на Фејсбук кои навистина не ни се потребни.
Ова се само неколку типови на таквите пријатели кои сите нè нервираат и би било добро доколку истите ги отстраниме уште денес.
Лажен профил
Знаете дека тоа е вашиот бивши партнер или бившата на вашиот дечко, но сè уште го чувате за пријател овој лажен профил бидејќи ви годи вниманието кое го добивате. Отстранете го веднаш и недозволувајте свесно некој да ви навлегува во приватноста.
Политички настроениот пријател
Можеби се немате запознаено лично со него, но секој ден сте запознаени со најновите информации околу политиката и економијата во државата преку неговите статуси во кои го изразува гневот кон партиите или пак парламентот.
Кралицата на депресијата
Независно дали се работи за ваша пријателка или пријателка на вашата пријателка, кралицата на депресијата е прва личност која треба да ја отстраните од листата на вашите пријатели. Нејзините емотивни статуси во кои преплавува депресијата може само да ви пренесат негативна енергија.
„Паметниот“ пријател
Постојано се докажува дека е во право преку факти искажани во статуси кои сите ги читаат, но на никој не му се допаѓаат бидејќи тој во статусите секогаш е едноставно најпаметен, најубав, најдобар...
Пријателот кој постира сè што става во уста
Фотографии од секојдневната трпеза на некој ваш виртуелен пријател не ви се потребни. Што јадел за појадок, ручек, вечера, па дури и ужинка меѓу сите тие оброци не е ваша работа.
Лојалниот онлајн пријател
Секогаш онлајн, 24/7, стиска лајкови, споделува статуси, слики, објави. Коментира на секоја ваша фотографија и од време на време бара и од вас да го правите истото за него. Отстранете го вашиот виртуелно најдобар пријател со кој најверојатно никогаш се немате ниту запознаено, доколку не сакате да ве зарази со неговата опседнатост со Фејсбук.
Филозофот
Постојано на почетната страница на Фејсбук ви излегуваат неговите најнови филозофски текстови кои на сите им одат на нерви, освен на филозофите како него. Доколку и тие се вмешаат во текстовите со коментари тоа е хаос кој не ви е потребен. Избришете го и очекувајте да филозофира околу тоа јавно за да ви привлече внимание.
Пријателот кој често ги менува профилните
Сите сакаме да оставиме добар впечаток на убава, интересна и привлечна личност со постирање на профилни фотографии со кои се гордееме. Но, постирањето на нова фотографија на секој час или половина не е нормално. Доколку имате пријател кој го прави ова сигурно знаете за што се работи. Не дај боже да е од оние кои постојано се тагнуваат за повеќе лајкови.
Доколку е тоа така зошто сè уште го читате ова? Веднаш фатете се за работа и избришете го секој пријател од оваа листа која секојдневно ви оди на нерви.
Доколку имате некој тип кој го заборавивме, слободно надополнете ја листата во коментарите!