Бладате, уживате или `рчите: Каков спанко сте вие?

Секој спие на различен начин. Некои штом ја стават главата на перницата веќе се заспани, други пак се мачат до рани зори да затворат очи.

bladate-uzivate-ili-krcite-kakov-spanko-ste-vie-01

Замислете да сте во иста соба со седум различни типови на спанковци, каде секој има свои потреби и услови. Сигурно би полуделе, освен ако не сте од оној тип кој потонува во длабок сон.

Постојат 7 типови спанковци во кои може да се пронајдете вие или вашиот партнер.

Оној кој постојано зборува

Со овој тип спанковци може да биде и интересно успивањето, бидејќи ќе се изнаслушате куп приказни. Најчесто раскажуваат сè што им се случувало во текот на денот или ако имаат проблем кој ги мачи. Понекогаш може и да ги прашате нешто на кое точно ќе ви одговорат и без да бидат свесни.


Оној што `рчи

Со нив никој не спие мирно. За жал, ниту тие не можат тоа да го контролираат тоа без разлика колку пати ќе ги удрите со лактот или ако ги терате да се завртат на страна. Некогаш тоа е патолошко, а некогаш и од преголем замор.

bladate-uzivate-ili-krcite-kakov-spanko-ste-vie-1.jpg

Був

Овој тип спанко нема воопшто одмор. Тој цела вечер не може око да затвори и несоницата му е најдобар пријател. Уште понеподносливи му се утрата кога му е потребна концентрацијата за на работа или училиште, а мозокот му е преморен.


Длабок сон

Нив им е најубаво. Овие луѓе се спанковци во вистинска смисла. Заспиваат толку цврсто и во длабок сон што не може никакво тропање, невреме, зборување или мал земјотрес да ги разбуди. Толку многу уживаат во спиењето што лесно заспиваат и по неколку пати во денот, а најмногу од сè го сакаат копчето за одложување на алармот за плус 10 минути.

bladate-uzivate-ili-krcite-kakov-spanko-ste-vie-2.jpg

Лесен сон

На овие луѓе не им помагаат ни маски за очи, ниту тампони за уши. Тие го слушаат секој, шум, звук, отворање и затворање врата, така што нивниот сон се прекинува неколку пати во текот на ноќта. Единствено решение е да се ангажираат повеќе физички, за уморот да ги совлада.


Спиење под стрес

За нив спиењето е само губење драгоцено време. Тие се будат и во 3 часот по полноќ за да довршат некој проект, но затоа често едвај ги отвораат очите кога им е најпотребно.


Спанко по правила

Не спие подолго од препорачаните седум часа, станува рано наутро, а за време на спиењето не сака никој и ништо да му пречи па сите мобилни, компјутери и други апарати му стојат во друга соба.

bladate-uzivate-ili-krcite-kakov-spanko-ste-vie-3.jpg

Каков тип спанко сте вие?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg