Не си Македонец ако...
Постојат многу ситници, специјалитети, навики и маани кои го одделуваат нашиот народ од сите останати, па ако од сите тие секојдневни навики составиме кратка листа, еве како би изгледала.
Мора да се препознаете, ако сте вистински Македонец:
- Не си Македонец ако дома не чуваш повеќе најлони во еден најлон.
- Не си Македонец ако немаш баба која те тера да јадеш и кога не си гладен.
- Не си Македонец ако не опцуеш барем еднаш во денот.
- Не си Македонец ако не си пиел кафе на Широк сокак во Битола.
- Не си Македонец ако немаш барем едни комшии кои доаѓаат на гости ненајавени и седат по 4-5-6 часа.
- Не си Македонец ако не ставаш зимница во тегла од мајонез, печурки или кисели крставички.
- Не си Македонец ако не се жалиш од платата и шефот.
- Не си Македонец ако во кутија од еурокрем не ставиш сарма или гравче.
- Не си Македонец ако на свадба не го изиграш „правото“ оро.
- Не си Македонец ако не ги коментираш вестите во 7 часот.
- Не си Македонец ако не заминеш да работиш во друга држава, барем на кратко.
Со што уште би ја надополниле листата?