Ова е најзгодниот министер на светот! (фото)
Убав, згоден и успешен – ваков маж е сон на секоја жена. Еден од ретките кои го исполнуваат овој услов е Габриел Викстром, министерот за здравство и спорт на Шведска кој последниве денови е вистински хит на социјалните мрежи.
Тој има 29 години, а популарноста онлајн ја стекна откако еден турски корисник на Твитер објави фотографија на која пишува „згодниот министер“.
Ова било доволно за политичарот брзо да стане преплавен со романтични пораки.
Во разговор со шведскиот весник The Local тој вели:
„Се чувствувам поласкано. Но, мора да признаам дека сум и малку изненаден. Веројатно за ова не е задолжен само мојот изглед туку и мојата возраст и содржајното портфолио за мои години во кое е вклучено и здравството и спортот. Колку што разбрав, вакво нешто е невообичаено во Турција“.
Не се знае дали е во врска, но е татко на едно дете.