Парализирана девојка слика ремек-дела со својата уста (фото + видео)
Иако доживеала трагична несреќа која ја оставила парализирана од вратот па надолу, младата Маријам продолжила да го прави она што најмногу го сака.
На 20-години Маријам Фатима Паре била студент на факултет за уметност. И претстоела сјајна кариера, но доживеала несреќа во која била ранета од куршуми во грбот и останала парализирана од вратот надолу.
Тогаш започнала нејзината тешка борба во која морала да ги прифати своите ограничувања.
Генијалноста излегла на виделина благодарение на медицинската сестра која ја учела да се потпише со устата.
Кога Маријам видела дека нејзиниот потпис не е поразличен од вообичаено, сфатила дека може и да слика со помош на устата.
Благодарение на упорноста, таа успеала да развие оригинална техника за сликање.
По цели 8 години, денес Маријам е врвен уметник со неколку изложби зад себе, а своите изработки ги продава на престижни колекционери.
Ова е само мал дел од нејзините ремек-дела: