Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 начини на кои можете да ги исчистите трагите од пот

И сами знаете колку пати на маицата ви остана жолта дамка од пот, која никако не се вади дури и по перењето во машина.

4-nacini-na-koi-mozete-da-gi-iscistite-tragite-od-pot-01.jpg

Ако секојдневно се борите со белите и жолти флеки од пот, ова се 4-те идеални решенија со чија помош ќе се ослободите од нив уште денес.

1. На местата на кои имате флеки од пот, ставете сода бикарбона разредена со малку вода, во вид на паста. Смесата истријте ја со четка, а потоа оставете ја половина час. Исперете ја облеката на вообичаен начин.

2. Исцедете сок од лимон и помешајте го со вода во сооднос 1:1. Ставете ја течноста на дамката и оставете ја да отстои 10 минути. Измијте го местото со млака вода, па исперете на стандарден начин.

3. Помешајте вотка и вода со сооднос 1:1 и ставете ја течноста во шишенце со распрскувач. Пропрскајте ја флеката и оставете ја да отстои најмалку половина час. Потоа исперете.

4. Во борбата со флеките од пот може да ви помогне и алкохолниот оцет. Помешајте го со вода во сооднос 1:1, па натопете ги местата со оваа течност. Нека отстои 15 минути, пред да ја исперете облеката.

Доколку не сте задоволни од резултатите, постапките секогаш можете да ги повторите.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg