Искривени времиња

Ех, какви се овие времиња... никакви би рекла јас. Зошто?

iskriveni-vreminja-01.jpg

Затоа што луѓето наликуваат на искривени дрвја кои што и даваат на целата слика искривен изглед кој не доликува на ништо.

Каде е искреноста, добрината, каде е сочувството со туѓата несреќа, советите без искривена намера, каде се искривените линии на лицата на луѓето кои можат да исправат многу работи во овие искривени времиња?

Каде се насмевките?

Не зборувам за оние прикриено злобни насмевки, зборувам за искрените насмевки како насмевката на детенце кое штотуку добило сладолед од своите родители и се радува, бескрајно се радува на ситница бидејќи неговата душа е невина и тоа не знае за зло, а таа ситница е доволна за една искрена насмевка, насмевка од душа...

Сите ние сме биле како тоа детенце, мали, наивни, добри, сме се радувале на ситници кои со времето станувале големи камења од кои сега постојано се сопнуваме на патот.

Што се случило со секој еден од нас?

Како да сме заборавиле да се смееме искрено и да се радуваме на ситници, нели? Дали сме ја изгубиле човечноста во нас или пак се криеме под неа?

Дали нашите маски на лошиот во приказната нè штитат од повредување или самите сме такви навистина?

Дали тие камења кои ни се пред носот се виновни за нашето сопнување или ние не сакаме намерно да ги видиме?

Искривено е сè, искривени се нашите мисли, нашите зборови пробувајќи да го кажеме тоа што го мислиме, а кажуваме нешто сосема друго поради тоа што се плашиме истото да не биде отфрлено и осудено.

Времето не е криво, и него му е криво што е искривено, но нема што да прави со луѓе како нас.

Aјде заедно да исправиме се што е искривено и да ги вратиме насмевките на нашите лица и сите останати вредности кои сме ги заборавиле.

Тоа се сочувството и културата, тие се правите работи, а не може да ги има некој искривен што живее во искривено време, некој како јас, некој како ти!

Ајде да се радуваме на ситните работи кои можат да ни го разубават денот, наместо да се сожалуваме самите себеси и нашиот живот.

Ајде да не тагуваме по тоа што го немаме, туку да се радуваме на тоа што го имаме во моментот.

Само така, со чисто срце и добра волја можеме да ги исправиме овие криви времиња и да ги вратиме тие вистински криви линии на нашето лице.

Само така можеме да ги вратиме насмевките!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg