Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 Типови на жени кои останатите жени не можат да ги поднесат

Искрените и длабоки женски пријателства не се мит, туку тие како такви навистина постојат, но не е тајна дека постои јаз помеѓу припадниците на женскиот пол, а особено кога во прашање се мажите.

5-tipovi-na-zeni-koi-ostanatite-zeni-ne-mozat-da-gi-podnesat-1

Сите жени ќе се согласат дека овие 5 типови дами не сакаат да ги гледаат во своја близина, а уште помалку во друштво на својот партнер:

1. Неговата поранешна девојка

Жената никогаш не е сигурна кога се во прашање неговите поранешни девојки. Кога и да се сети на ова прашање, таа чувствува неудобност и одново се прашува дали тој чувствува нешто за својата поранешна партнерка. Колку време биле заедно? Дали се сакале? Зошто раскинале? Дали имале подобар секс?

Не постои жена која не е љубопитна за поранешните девојки, а тоа често се случува поради фактот што мажите вешто избегнуваат да зборуваат за минатото.

5-tipovi-na-zeni-koi-ostanatite-zeni-ne-mozat-da-gi-podnesat-2

2. Неговата најдобра пријателка

Таа по дефиниција е забавна, духовита и секогаш добро расположена. Уште ако изгледа добро, тоа е уште една причина, за жената да не ја сака. Жените полудуваат кога нивниот партнер поминува повеќе време со неа и кога од излегувањето се враќа одлично расположен.

Самата помисла дека партнерот, дури и за миг, ставил на прво место некоја друга жена, па макар тоа и да е најдобра пријателка, може да ја доведе жената до лудило.

5-tipovi-na-zeni-koi-ostanatite-zeni-ne-mozat-da-gi-podnesat-3jpg

3. Госпоѓа свекрва

Неговата мајка готви најдобро на целиот свет. Ручекот кој ќе го направи неговата жена никогаш не е добар како оној на мама. Свекрвата знае што е најдобро за нејзиниот син, сепак таа е жената која го родила и воспитала, а токму и затоа вашиот партнер никогаш нема да  ѝ каже „Не”.

5-tipovi-na-zeni-koi-ostanatite-zeni-ne-mozat-da-gi-podnesat-4jpg

4. Шефица

Таа е секогаш незадоволна и фрустрирана, а нејзиното влегување во канцеларија наликува на ураган. Секогаш мисли дека знае најдобро, а всушност незнаењето го прикрива со тоа што ги истакнува туѓите недостатоци. Жените не ги сакаат своите шефици, бидејќи често веруваат дека се далеку поспособни од нив.

5-tipovi-na-zeni-koi-ostanatite-zeni-ne-mozat-da-gi-podnesat-5jpg

5. Спонзоруши

По непишано правило, станува збор за згодни жени, со долга негувана коса, убаво лице и големи гради. Мажите се луди за нив, иако многумина тоа го негираат, но на жените не им е јасно зошто овие девојки добиваат сѐ од нив. Спонзорушите не прават ништо во животот, освен што секојдневно се во козметички салони и се задолжителен дел од ноќниот живот. Сепак, ако е некоја утеха, мажите овие жени ги гледаат како краткотрајна забава.

5-tipovi-na-zeni-koi-ostanatite-zeni-ne-mozat-da-gi-podnesat-6jpg

Се согласувате ли?

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg