Како мирисите прават да изгледате попривлечно?
Сигурно се чувствувате попривлечно кога ќе се напрскате со омилениот парфем. Но, тоа не е само во вашата глава, туку навистина така делувате и на околината. Ова го потврдило и неодамнешното истражување во Филаделфија.
Тоа опфатило 180 учесници на кои им дале фотографии на 55 жени на возраст од 35 до 50 години.
Додека ги гледале нивните фотографии, истражувачите им прскале во воздухот и по еден од петте парфеми со различен интензитет и мирис, од рибино масло, кој спаѓа меѓу најнепријатните, па сè до мирис на ружа кој се смета за еден од најпријатните, додека останатите три мириси се мешавина од овие два.
Кога требало да ја оценат привлечноста на лицето на жената од некоја фотографија, истражувачите утврдиле дека учесниците давале поголеми оценки кога ќе почувствуваат убав мирис.
Дури и кога гледале во фотографии со очигледен фотошоп и кои се реално погрди од останатите, пријатните мириси предизвикувале да добијат повисоки оценки.
Токму затоа се смета дека треба внимателно да го одберете парфемот , бидејќи тој кажува многу и за личноста и за стилот, а знае и вешто да го одвлече вниманието од некои физички недостатоци.